Според официјалните податоци, во последните 24 часа во Србија 29 лица починале како резултат на коронавирусот, така што вкупниот број на жртви се зголеми на 1.110 лица, соопшти Министерството за здравство на веб-страницата covid19.rs.
Од последниот пресек на ситуацијата во Србија, 18.980 лица биле тестирани на коронавирус и регистрирани се 6.109 нови случаи на инфекција.
Од почетокот на епидемијата, во Србија официјално се потврдени 104.097 случаи на инфекција.
Стапката на смртност е 1,07 проценти.
До 15 часот на 19 ноември, во Србија биле тестирани вкупно 1.573.980 лица кои ги исполнувале критериумите за дефинирање на случајот.
За утре е закажан состанок на Кризниот штаб.