ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Филипче: Нè очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравствените установи

November 19, 2020 16:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Министерот за здравство Венко Филипче, по 10. седница на Советот на безбедност за состојбата со КОВИД-19 рече дека не очекува период во кој бројот на дијагностицирани случаи ќе биде линеарен и ќе има потреба од болнички капацитети.

„Не очекува еден критичен период во којшто ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот. Ги гледаме и пратиме ситуациите во сите соседни земји – огромен пораст и покрај тоа што некои земји имаат дури и порестриктивни мерки на сила од нашите. Исто така, за жал пораст и на смртни случаи. Во таква една ситуација, целосно е мобилизиран целокупниот кадар во јавно-здравствените установи. Согласно нашиот план секој еден тим во сите интерни клиники да има одговорен и интернист, и анестезиолог. Сепак можно е да дојде во ситуација да се потребни дополнителни ресурси, како болнички капацитети во смисла на кревети за сместување, така и кадар. И во овој момент имаме соодветен план, но тоа би значело во рамките на јавно-здравствените установи во еден момент ќе треба да се прекине со редовната работа, исто како што тоа беше еден период претходно и да се извршуваат само итните интервенции и интервенциите кај малигните пациенти“, изјави министерот Филипче.

Министерот Филипче појасни дека во целата зграда на интерните клиники ќе се лекуваат ковид пациенти, поради тоа што во овие установи се лекарите интернисти, специјалисти, лекарите пулмолози и другите интернисти кои имаат искуство во лекување на пациентите со коронавирус.

„Сите три спрата сега се целосно спремни. Два спрата се целосно исполнети, уште едниот спрат кадешто се одделенијата за оториноларингологија, офталмомогија, сега се спремаат за од утре да се стават во функција. Значи, целокупниот кадар е практично на стенд бај и во координација со одговорните на интерните клиники сега се прават распореди, како за дежурства така и за функционирање во следниот период. Сосем доволен број на кревети може да се стават во функција во ГОБ „8-ми Септември“. Сега таа болница ја задржа и својата вообичаена работа, иницијално предвидениот број од кревети близу 80-90 веќе се пополнети, но може во следниот период согласно овој огромен притисок којшто го имаме во изминатите денови да практично запре системот Мој Термин и таму се сместат уште повеќе пациенти. Спремни сме и други клиники да ангажираме – тоа се дел од хируршките, за што веќе имавме состанок. Веќе се прави еден интерен план заедно со повеќе директори на хируршки клиники, така да тоа би бил следен чекор, но имајќи ги на предвид сега на располагање и овие по можност приватни капацитети сепак ќе направиме еден целокупен план којшто ќе ги вклучи сите ресурси“, истакна Филипче.

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 820 пациенти, слободни кревети има

НАЈНОВО

СДСМ одреди уште 11 кандидати за градоначалници

August 27, 2025

Петровска на конференција во Копенхаген: ЕУ мора да биде обединета, Украина заслужува мир и слобода

August 27, 2025
Фото: nis.rs

САД повторно ги одложија санкциите против српската нафтена компанија НИС

August 27, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Едно лице убиено при тепачка пред казино во Кавадарци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk