ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Шахпаска: Продолжува имплементацијата на проектите во насока на целосна инклузија на ромската заедница

November 19, 2020 18:36
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска денеска учествуваше на деветата работна средба посветена на вклучувањето на Ромите и Ромите бегалци, насловена: „Технички дигитален состанок за спроведување на заклучоците за семинарот за Роми 2019 година“, во рамки на подкомитетот за Правда и Внатрешни работи.

Воведни обраќања покрај министерката Шахпаска имаа и Марта Гарсија Фидалго, Координатор за Политики за Роми и Орхан Усеин, лидер на тимот од Совет за Регионална Соработка, Интеграција на Ромите 2020 година, а учество земаа и претставници на граѓанскиот сектор.

-Стратегијата за Ромите во Република Северна Македонија и Националните Акциски Планови, како и Декадата за вклучување на Ромите се дел од јавните политики на нашата земја, со цел вклучување и интеграција  на сите етнички заедници во општеството на еднакви основи. Ова прашање е особено важно на нашиот пат кон Европската Унија, а социјалната вклученост ја градиме според стандардите на земјите членки на Европската Унија, истакна министерката Шахпаска.

Таа посочи дека и како Влада и како Министерство се насочени кон градење на  општество кое не се темели на поделби и сегрегација, туку општество на обединување и интеграција.

-Различните етнички заедници, нивната култура, нивната религија, нивните традиции го збогатуваат општествениот мозаик на различностите. Ромите се дел од тој општествен мозаик, тие се граѓани на Република Северна Македонија, но истовремено се граѓани и на Европа. Обврска на сите нас е да ги прифаќаме различностите како  вредност, а не како причина за исклучување и поделба, рече Шахпаска.

Министерката потсети дека нашата држава во 2015 година ја има усвоено Стратегијата за Роми која што е ревидирана во согласност со Европската Стратегија 2020, како и дека, во следниот период Министерството за труд и социјална политика заедно со Регионалниот Совет за Соработка ќе го започне процесот на подготовка на новата Стратегија за Роми во Република Северна Македонија.

-Неопходен е системски пристап во подобрување на статусот на Ромите во сите земји, преку конкретни мерки и активности на национално ниво, преку следење на достигнувањата, размена на информации со другите земји со една и единствена цел да се овозможи подобар економски статус и социјално вклучување на ромската популација во општеството, истакна Шахпаска.

Министерството за труд и социјална политика во рамките на надлежностите и координативната улога што ја има и натаму ќе продолжи со имплементирање на проектите кои се препознатливи во Ромската заедница и се во насока на нивна целосна инклузија.

Како особено значајни министерката ги посочи, вклучувањето на децата Роми во предучилишното образование, поголема информираност на припадниците на ромската заедница преку Ромските информативни центри, вклучување на невработените Роми во активните мерки за вработување,  имплементирање на Законот за лица неевидентирани во Матична книга на родени продолжуваат со несмален интензитет.

-За нас е многу значајна  подготовката на Регионална методологија за мапирање на ромски супстандардни населби,  заеднички проект со иницијативата за Интеграција на Ромите 2020. Воспоставување на механизам за следење, мерење и известување за политиките за интеграција на Ромите, произлезени од целите дефинирани во Декларацијата од Познан остануваат на врвот на агендата порача министерката Шахпаска.

Next Post

Режисерот Пиперкоски за филмот „Дедо и внук“ доби признание за придонес во светот на филмот

НАЈНОВО

Осомничената за грабежот на накит во Лувр пуштена од притвор

November 13, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или .ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025
Скриншот

Дијамантски брош на Наполеон, продаден за над 3,5 милиони франци

November 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ДИК: Надоместоците за изборните органи за Локалните избори 2025 нема да се намалат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стабилни буџети, нестабилни приоритети – општините во фискален парадокс

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали Панкерот и кумовските врски на Мицкоски се под истрага – скандалот со ИПАРД води до врвот на власта

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ни прават булинг да го смениме Уставот – денес сме таму каде што бевме пред 25 години на патот кон ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 13 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk