ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Вистиномер: Фотографијата со наводната Захариева – студентка, е лажна

November 19, 2020 10:07
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Фотомонтажа со бугарска министерка за надворешни работи наводно од нејзините студентски денови кружи на повеќе профили на корисници на ФБ и на Твитер од земјава. Екатерина Захариева е прикажана во провокативна поза, полуоблечена, со што се создава импресија за нејзе врз основа на невистинита содржина — дезинформација, пишува „Вистиномер“.

Пост објава на Фејсбук на страницата „Политички Циркус“ прикажува монтирана фотографија која треба да ги убеди корисниците дека станува збор за бугарската министерка Екатерина Захариева во студентски денови.

На фотографијата е испишан текст кој вели:

Захариева, Студентски град – Софија, блок 7, соба 1212, 12-ти спрат. Кој памти, нека честита…

„Вистиномер“ направи проверка на фотографијата преку длабинско пребарување на интернет и дојде до следните факти:

Фотографијата е објавена за прв пат во 2013 година и е реобјавувана таа година повеќе пати на повеќе веб страници кои нудат порнографска содржина или, пак, се сајтови за запознавање или сајтови за ескорт услуги.

Фотографијата прoдолжува со својот вирален живот во 2015 година, а потоа се реобјавува секоја година на исти такви сајтови редовно, сè до 2018 година, во март, април и мај. Оттогаш не е објавувана на интернет, а повеќето од сајтовите каде била објавена или не постојат, или ја имаат избришано.

Според насловите на повеќето објави, станува збор за девојка од Азија – или од Пакистан, или од Индија.

Анализата на фотографијата покажува дека во целост станува збор за идентична фотографија како во постот што го рецензираме, со исклучок на главата на девојката, која во постот е намонтирана со глава од жена која што треба да личи на Екатерина Захариева.

Според овие факти, овој пост може да се одбележи како пост со лажна фотографија-монтажа.

 

Next Post

Вакцинирањето против сезонски грип се одвива непречено, вакцини и термини има за сите заинтересирани граѓани

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk