ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кризна состојба поради сериозност со заразата, на располагање ќе бидат приватните болници и Армијата

November 20, 2020 08:05
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На предлог на Советот за безбедност кој вчера беше прифатен од Претседателот на државата, се очекува Владата денеска да прогласи кризна состојба на територијата на целата земја во траење од 30 дена поради исклучително сериозната состојба со КОВИД-19. Тоа ќе овозможи подобро менаџирање на сите капацитети и човечки ресурси, на располагање покрај јавните, ќе бидат и приватните болници со кои ќе управува државата, а во справувањето со епидемијата ќе помага и Армијата.

Премиерот Зоран Заев по состанокот на Советот за безбедност вчера рече дека Управувачкиот комитет во најбрз рок ќе предложи до Владата прогласување кризна состојба и тоа ќе биде најдоцна до вечер денеска. На владина седница синоќа почна постапката откако согласно со Законот за управување со кризи беа донесени решенија и  во Управувачкиот комитет и Групата за процена беа назначени в.д. директорите на Центарот за управување со кризи и на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов и Беким Максути.

– Со решенијата се овозможува да отпочне постапката за прогласување кризна состојба на целата територија на државата според мислење на Групата за процена, по што ќе следува предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи до Владата, по што таа ќе ја донесе одлуката за прогласување кризна состојба, беше соопштено од Владата по завршувањето на седницата.

Шефот на државата Стево Пендаровски на прес-конференцијата по состанокот на Советот за безбедност истакна дека состојбата со КОВИД-19 е исклучително сериозна, далеку полоша, рече, од пролетниот бран по бројот на заразени и починати. Во кризна состојба на располагање на државата ќе бидат капацитетите на приватните болници и нивниот кадар, но не станува збор за нивна национализација, туку за управување со нив во битката со пандемијата, како што рече претседателот – таму и во тој обем во кој Владата ќе процени дека е тоа неопходно.

Откако ќе биде прогласена кризна состојба, појасни претседателот Пендаровски, Законот за одбрана и Законот за управување со кризи даваат многу пошироки можности надлежните институции, пред сè здравствените,  да добијат поддршка од Армијата.

Кризната состојба нема да значи ограничено движење односно полициски час, но ќе продолжат да важат препораките да не се излегува без потреба по 21 часот и да нема групирања, да се почитуваат сите мерки, особено мерките за лична заштита.

Во болниците и натаму има наплив од пациенти – два ката од зградата на Интерните клиники се речиси исполнети, се подготвува уште еден кат – на одделенијата на Клиниката за уво, нос, грло и на Клиниката за очни болести, каде што од денеска ќе се примаат КОВИД-пациенти.

Министерот Венко Филипче по состанокот на Советот за безбедност рече дека нè чека критичен период во кој ќе има потреба од болнички капацитети. Спремни се да ангажирааат и дел од хируршките клиники и дека се прави севкупен план кој ќе ги вклучи сите ресурси.  Во ГОБ „8 Септември“ се веќе пополнети првично планираните 80-90 кревети и во следниот период, посочи тој, можно е поради огромен притисок таму да запре системот „МојТермин“ и да се сместат повеќе пациенти.

– На располагање ќе бидат и капацитетите на сите приватни болници и клиники, како и кадарот кој таму работи. За кратко време ќе направиме проценка со сè што се располага и во таа смисла заеднички со нашите државни капацитети ќе направиме и план за работа, рече Филипче.

Во врска со плаќање на лекувањето во приватните болници, според сегашното законодавство државата може да покрие најмногу до 30 отсто од трошоците. Кој и како ќе ги покрива останатите трошоци Филипче соопшти дека дополнително ќе се прецизира. Рече дека се работи за досега непозната ситуација и ќе бидат направени анализи и ќе се консултираат со  правните тимови.

Во текот на вчерашниот ден Министерството за здравство соопшти дека вкупно 1258 пациенти позитивни и сомнителни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава и дека има околку 60 слободни болнички кревети во КОВИД-центрите, напомнувајќи дека ситуацијата се менува од час во час.

Во 24-часовната статистика за вчера беа регистрирани 1198 новозаразени од 3081 тестирање. Речиси половината од нив (572) се во Скопје, а висок број нови случаи имаа и Битола (92), Прилеп (53), Штип (49), Велес и Охрид по 42, Куманово (41),  Струга и Струмица по 34, Кичево (33), Тетово (28), Свети Николе (20).

Починаа уште 26 луѓе, од кои осуммина од Скопје. Меѓу починатите вчера беа двајца 35-годишници – од Битола и од Охрид и 37-годишен пациент од Струга. Од почетокот на епидемијата во земјава, пред речиси девет месеци, вкупниот број заразени достигна 51 213, оздравени се 30 204, починати 1423. Активни случаи има 19 586, од кои 9479 се во главниот град.

Извор: МИА

Next Post

Сончево со мала до умерена локална облачност

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk