ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мета: Бигорски е едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво

November 21, 2020 18:30
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

За мене денеска беше извонредно изненадување да го посетам Бигорскиот Манастир на Свети Јован. Едно исклучително богатство за православните верници и за сето човештво. Уште еден повод не само да се биде горд за ова извонредно дело, но и за заедничко чување и промовирање. Ќе се вратам овде набргу, напиша албанскиот претседател Илир Мета во книгата на впечатоци при денешната посета на Бигорски манастир.

Мета, кој денска беше во посета на Дебар, во Бигорски беше придружуван од домаќинот, градоначалникот  Хекуран Дука, претседателот на Советот на општината Башким Машкули и дебарскиот муфтија Решат Качалнику.

-Ценетите гости беа гостољубиво пречекани од нашиот старец и игумен, Владиката Партениј и браќата монаси. Притоа, јеромонахот Доситеј го запозна претседателот Мета со илјадагодишната историја на свештената Бигорски обител, а во манастирската книгохранителница Владиката Партениј лично му го покажа првото албанско Евангелие напишано со латинично писмо од познатиот албански деец од Елбасан, Константин Кристофориди, објавено во Константинопол во 1874 година, вели отец Кирил.

Додава дека всушност, ова Евангелие има големо историско значење за Албанците, бидејќи тоа на своевиден начин е претеча на литературниот албански јазик, а Кристофориди, заедно со уште неколкумина албански христијани, е еден од највидните дејци на албанското национално движење кон крајот на XIX век.

-Евангелието дојде во наследство на бигорската книгохранителница од роднината на владиката Партениј, блажениот покојник Душан Христов Константинов, чиј син Бранимир ја подари неговата приватна библиотека на Бигорски во 2011 година. Воодушевувањето на гостите од Албанија беше огромно, за тоа како нашето монашко братство се грижи за запазување на културното и духовното наследство во регионот, без разлика на националниот претекст, посочува отец Крил.

За време на престојот во Бигорски, нагласува тој, владиката Партениј пред претседателот Мета искажа посебна благодарност и почит за градоначалникот Хекуран Дука и сите дебрани за тоа што негуваат една култура на добро сожителство во дебарскиот крај на сите граѓани, без разлика на верската и националната припадност.

Претседателот Мета на отец Партениј му ја искажал својата голема благодарност за срдечниот пречек, за неговата великодушност, за неговата смисла за естетика и хармонија, како и за гостољубивиот и широкоград дух на Бигорскиот манастир.

Next Post

Во Чешка бројот на починати од Ковид-19 двојно зголемен од минатиот месец

НАЈНОВО

Премиера на документарецот „Време, вода, наследство: Охрид“, приказна за пливачкиот маратон

August 28, 2025

Грција, Албанија и Македонија во заедничка креативна потрага: „По Материјата“ – ликовна изложба во Лемос, Преспа

August 28, 2025

Шкендија вечерва против бугарски Лудогорец во реванш плејофот во Лига Европа

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

    „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Алијанса за Албанците: Клеветите на ВМРО-ДПМНЕ повеќе не држат вода

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Башким Бакиу: Скопје овој пат ќе го добие тоа што му припаѓа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Триатлонецот Јован Кутаноски утре ќе плива од Струга до Радожда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk