“Особено ми е драго што имам чест да сум кандидат за градоначалник на општина Штип, крстосница на источниот дел од државата, предложен од најодговорната, државотворна партија СДСМ. Како иден градоначалник на општина Штип посветено ќе работам на развивање на секој дел од Штип и околината, на целосно решавање на клучните проблеми во градот и заеднички со вас, нашиот град ќе го направиме дом во кој сакаме да растат нашите деца“, ова денес го изјави Д-р. Сашко Николов на пресконференцијата за неговата кандидатура за градоначалник на Штип.
„Во главниот фокус на мојата програма е инфраструктурата, а истовремено и обезбедување на еколошки здрава и чиста животна средина, грижа за сите граѓани подеднакво, подобри услови за учениците во училиштата, за најмалите во градинките, како и грижа за нашите највозрасни сограѓани, пензионерите. Имаме визија, имаме цел и ќе ја оствариме. Забрзано ќе работиме, драстично да ја намалиме разликата помеѓу градските и руралните средини во однос на инфраструктурата. ” потенцираше Николов.