ФИЛИПЧЕ: Приватните болници ја опремуваат болницата „Мала Богородица“, лекувањето таму на терет на државата.
ШЕКЕРИНСКА: Разочарани сме од Бугарија, очекуваме прогрес во декември.
ПРЕМИЕРОТ Зоран Заев вечерва на Твитер и упати честитка на Ангела Меркел по повод одбележувањето 15 години како канцелар на СР Германија.
МИНИСТЕРКАТА за култура, Ирена Стефоска денеска по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука искажа длабока почит кон ликот и делото на жената Пасаскеви Киријази, која учествувала на Битолскиот конгрес.
УТРЕ и задутре без струја делови од Центар, Ѓорче Петров, Зелениково, Шуто Оризари и Карпош.
ВО изминатите 24 часа во Грција починаа 103 лица од Ковид-19, а намален е бројот на нови случаи во споредба со изминатите денови, односно регистрирани се 1.498 новозаразени.
ВРЕМЕТО утре наутро ќе биде студено, по одделни котлини со појава на магла, а во текот на денот сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
БРИТАНСКИТЕ власти ја разгледуваат можноста за воведување „ковид пасоши“ за оние кои биле вакцинирани против новиот вид коронавирус, објави весникот „Сандеј Тајмс“, повикувајќи се на свои извори.
АЛБАНСКОТО Министертво за здравство соопшти дека денеска има помал број новозаразени, споредено со претходните денови, но треба да се има предвид дека и бројот на тестовите е помал. Но, како што наведува, бројот на починати е висок.
ВО Косово во минатите 24 часа се регистрирани десет починати и 707 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 550 пациенти.
ПOЗНАТИОТ актер Мустафа Надаревиќ почина денеска на 77-годишна возраст во Загреб по долго и тешко боледување.
ВО Британија 18.662 новозаразени и 398 починати, во Франција 13.000 новозаразени и 215 починати.
			




