ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

„Еурактив“: Пазете се од епидемија на вета при проширувањето на ЕУ

November 23, 2020 12:25
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Со ветото на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, Бугарија ја користи својата позиција како членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно, но проблемот е во тоа што Унијата како да нема желба и начин да ги обесхрабри ваквите еднострани постапки, оценува соработникот на Меѓународниот институт за безбедност од Белград, Орхан Драгаш за „Еурактив“, пренесува МИА.

– Фактот што Бугарија го блокираше стартот на преговорите за пристапување кон ЕУ со Северна Македонија не е ниту новина, ниту изненадување. Постои долга историја на соседски пречки на патот кон членство во ЕУ. Словенија ја блокираше Хрватска поради границата со Пиранскиот Залив, Хрватска веднаш штом стана членка на ЕУ ги блокираше преговорите на Србија, а Бугарија го стори истото на кусо пред три години, заради позицијата на нејзиното малцинство во Србија, наведува Драгаш.

Тој потестува и дека Грција со децении ја блокираше земјава без никакви шанси да се интегрира во ЕУ и НАТО, се додека не го смени името.

– За цело тоа време, ЕУ повторуваше дека нерешените соседски проблеми не смеат да бидат причина членка на ЕУ да стави вето на својот сосед што не е членка на Унијата. Но, кој би поверувал во тоа, особено по бугарското вето? Значи, проблемот не е во тоа што Бугарија го условува пристапувањето на Македонија, Бугарија ја користи само својата позиција на членка на ЕУ за да постигне некои нејзини надворешно-политички интереси, на ист начин како што тоа го правеа многу други претходно. И тоа е целосно легитимно. Но, проблемот е во тоа што ЕУ нема желба и начин да ги обесхрабри и спречи ваквите еднострани активности на нејзините полноправни членки, заклучува Драгаш.

Според него, со својот однос кон фактот дека Бугарија ја условува Северна Македонија со историски и идентитетски прашања, ЕУ и Германија како нејзин актуелем претседавач оставаат впечаток на „најголема и најотворена незаинтересираност досега за отворање на вратата за нови членки од Балканот“.

Ниту Брисел, ниту главните европски метрополи не се обидуваат да најдат утешни, оптимистички зборови за оние кои сè уште се во чекалната, тие едноставно веќе немаат волја за тоа, додава експертот.

Според Драгаш, по бугарскиот потег кон Северна Македонија, тешко е да се очекува зајакнување на довербата во ЕУ на Балканот, што отвора простор Европејците лесно да бидат заменети со некои други големи светски играчи, што ќе биде штетно и за ЕУ ​​и за регионот.

– Празното место на европскиот ентузијазам веднаш ќе го заземе некој друг, во чии планови за иднината на Балканот нема многу простор за напредок, безбедност и развој на балканските народи. И, за жал, на Западниот Балкан, се уште има голем потенцијал за конфликт, сиромаштија и корупција, оценува авторот во текстот во „Еурактив“.

Сепак, според него, додека Европа го потценува ризикот од бугарското вето на патот на земјава кон ЕУ, среќна околност е што САД имаат појасен став и бараат ваквите проблеми да се решат надвор од процесот на пристапување во Унијата.

– Судејќи спорес изјавата на Мајкл Карпентер, поранешен советник за надворешна политика на Џозеф Бајден, кој рече дека ниту Бугарија, ниту Северна Македонија не добиваат ништо од сегашниот конфликт и дека од тоа корист имаат само оние што сакаат поделби во Европа, ваквиот тренд (во американската политика) ќе продолжи и во идна администрација, заклучва Драгаш.

Next Post

Дополнувањата на Деловникот за онлајн одлучување на пратениците в четврток на седница

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk