ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Со пожртвуваноста на медицинските работници од денеска се вратив на работа во МВР

November 23, 2020 11:33
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Денеска е мој прв работен ден во МВР после тешката битка со Ковид 19. Најважно во справувањето со болеста е одговорноста што ја имаме како граѓани и во почитување на мерките, но и вниманието кон семејството, пријателите, со почитување на мерките да покажеме дека ги почитуваме здравствените работнци. Затоа им благодарам на сите кои се ангажирани во здравствениот систем, да им помогнеме секој на свој начин, да се носи заштитна опрема, да се споделуваат информации ако некој има симптоми, да оди секој случај преку здравствениот систем затоа што пријавувањето на лекар е многу важно. Благодарам и на медииумите, сето тоа што го правите ја подигате јавната свест и сето тоа преставува помош. Апелирам сите заедно да си помогнеме и да излеземе како победници.“- изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во „Студио 10“ на телевизија 24.

Тој на јавноста и го пренесе личното искуство во справувањето со болеста и истакна дека сепак најважна била посветеноста на лекарите, а потоа и поддршката на семејството и пријателите.

„Размислував позитивно, како да ја добијам и оваа битка, покрај другите битки во животот. Оваа битка е животно искуство, но со голема поддршка на лекарите, на семејството на пријателите не помислував на ништо на друго освен позитивно, да се вратам на работа и да продолжам да им служам на граѓаните. Затоа најголемата поддршка треба да ја имаат лекарите кои неуморно 24 часа се посветени да го спасат сечиј живот.“- раскажа министерот која ја пренесе и сликата од Инфективната клиника во Скопје.

„Бев на Инфективната клиника во Скопје и видов посветност и пожртвуваност и тоа заслужува секаква почит. Кога имаше теории на заговор дали постоел вирусот, и сега кога ја гледаме реалноста неопходно е секој граѓанин да размисли за секој еден болничар, сестра, лекар… кои секојдневно се борат за сечиј живот и затоа сметам дека му треба поддршка на здравствениот систем. Таму видов професионалност, пожртвуваност буквално кон сите пациенти.“- рече Спасовски на телевизија 24.

Д. Е.

Next Post

Пладневен преглед: Продолжува судењето за организаторите за 27 април, Мицкоски правел „шлагворд“ тактика, Таравари не бил многу среќен, Собранието да работи „онлајн“ за системот да не отиде „офлајн“

НАЈНОВО

ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

October 30, 2025

Мицкоски: Нашата држава повторно станува силна, стабилна и горда

October 30, 2025

СДСМ: Нема никаква поддршка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски

October 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Апасиев: Орце бега од дебата на Телма со Амар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марко Виденовиќ за настапот во „Музикферајн“: Кулминација на совршенство, волшебна ноќ со која испишавме нова страница во историјата на македонската култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ТВ Телма за објавата на Апасиев: Имаме професионален и еднаков однос кон сите кандидати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Разговор на двајца аналфабети од градски политики

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кипар воведува семафори со женски фигури за пешаците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk