ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бочварски: Пари за капитални инвестиции има, следи сериозен притисок за реализација

November 24, 2020 14:19
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Државата има пари за капитални инвестиции, тие ќе се инвестираат преку новиот систем  со сериозен притисок од страна на Министерството и Владата. Во 2021 година граѓаните ќе се уверат дека и во време на ковид криза нашиот фокус ќе бидат капиталните инвестиции, изјави денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој најави дека на 1 декември ќе го презентира пред јавоста предвидениот буџет на Министерството за транспопрт и врски за идната година.

– Преку нашето Министерство наредната година инвестираме над 10 милиони евра во изградбата на локални улици и патишта низ државата преку Светска банка. Продолжуваме со повторно актуелизирање на пругата од Куманово – Белјаковце и Крива Паланка со што очекуваме во првиот квартал од  2021 да биде распишана новата постпака и конечно да видиме  сериозен прогрес со нов и квалитетен изведувач во овој дел. Имаме проекти секако и во станбената изградба и во комуналниот дел со изградба на водоводи и канализации, како и проекти за целосен рамномерен регионален развој на општините, рече Бочварски, кој беше на увид во активностите за обнова на патот Бигла Трстија.

Вкупните капитални инвестиции со Предлог-буџетот за 2021 година се планирани на ниво од околу 23 милијарди денари или за 20 проценти повисоко во однос на планот за 2020 година. Владата најави нов функционален механизам за подобрување на реализацијата на капиталните инвестиции, што подразбира насочување на средствата кон проектите со поголема реализација.

Со планот за капиталните инвестиции се опфатени проектите:завршна реконструкцијата на железничката пруга на Коридор 10; делницата Куманово – Бељаковце – Крива Паланка од Коридор 8; изградба и рехабилитација на мостови, железнички станици, стојалишта, подвозници и надвозници; реализација на патна инфраструктура како автопатот Скопје-Блаце, делницата на автопатот Кичево-Гостивар, завршување на автопатот Кичево-Охрид; гасоводот Скопје-Тетово, Гостивар-Кичево, интерконекторите со Грција, Србија и Косово, проект за локални патишта, за олеснување на трговијата и транспортот на Западен Балкан; изградбата на железнички граничен премин со придружни содржини „Табановце“; проект „Воведување брз автобуски систем во Град Скопје“; изградба на патната делница Градско –Дреново.

Next Post

Ангелов: Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти

НАЈНОВО

„Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

October 24, 2025

Адеми: Не е точно дека Али Ахмети ќе се повлече од ДУИ и од политиката

October 24, 2025
Скриншот

Такаичи: Јапонија не се откажува од мировниот договор со Русија

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk