ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Одложено рочиштето за Моќник, екс лустраторот Томе Аџиев позитивен на Ковид 19, обвинетиот Милошоски се појави во судница

Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

November 25, 2020 11:18
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Првото рочиште по предметот „Моќник” се одложи за 23 декември поради неприсуство на повеќе од обвинетите, дел поради неуредно добиено известување, а дел поради КОВИД-19.

Обвинетиот Томе Аџиев, со уредна документација го известил судот дека е позитивен на КОВИД-19, додека обвинетиот Миосим Војнески дека има наредба за самоизолација поради контакт со заболен. Тројца од обвинетите не присуствуваа поради неуредна покана.

Во судница беше присутен обвинетиот Антонио Милошоски, кој заедно со уште 12 лица се обвинети за продажбата на објект во село Ижишта-Општина Македонски Брод, кој го користела општина Пласница.

Случајот го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Фатиме Фетаи.

Според обвинителството прво и второобвинетиот се товарат дека сториле – измама, третообвинетиот  дека сторил – измама и – злоупотреба на службената положба и овластување. Со обвинителниот акт опфатените 10 лица се товарат дека сториле злоупотреба на службената положба и овластување.

– Во текот на 2011 година прво и второ обвинетиот,  заеднички, со намера првообвинетиот да прибави противправна имотна корист ги довеле во заблуда советниците во Советот на општина Македонски Брод, со лажно прикажување и со прикривање на факти за правниот статус и вистинската вредност на недвижностите – предмет на продажба. Тие ги навеле советниците да изгласаат одлука за отуѓување на недвижен имот за кој советниците сметале дека е „поранешниот задружен дом“, а всушност одобриле отуѓување на зграда со корисна површина од 157м2 со дворно место од 3.920 м2 во с.Ижишта-Општина Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, соопштија од обвинителство.

Со продажбата на овој објект како што посочуваат од обвинителство обвинетите нанеле штета на Република Северна Македонија во значителна вредност од 1.795.800,00 денари и за продажбата на земјиштето нанеле штета на општината Македонски Брод во значителна вредност од 1.176.000,00 денари.

Во описот на дејствијата што ги презел третообвинетиот, од обвинителство велат дека тој со особен придонес кон делото директно искористувајќи ја својата позиција на пратеник вршел континуиран притисок во органите на државната управа, Државното правобранителство и судовите за да не се поништи купопродажбата, со што овозможил да се реализира последицата од делото.

Советот за оценка на обвинителениот акт на 8 октомври годинаваа донесе решение со кое приговорите на обвинетите се одбиваат како неосновани и дека обвинителниот акт против 13 лица се одобрува во целост./ МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Скриншот

Ученици бараат правда по несреќата во Дака – „Застарени авиони убиваат“

July 22, 2025

Гаши: Локалните избори ќе бидат распишани во првата половина од август

July 22, 2025

Калас: Сите опции се на маса ако Израел не ги исполни ветувањата околу Газа

July 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Ќулавкова до Милошоски: Предлогот за заедничка резолуција со Бугарија е „руски рулет“, македонскиот јазик е заштитен и со Преспанскиот договор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Усик го нокаутира Дубоа во петтата рунда и стана апсолутен светски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филозофот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нов топлотен бран – психолозите предупредуваат: Намалете темпо, побарајте помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk