ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Околу 300 војници и 150 полицајци ќе ги обезбедуваат здравствените објекти

November 25, 2020 08:02
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Околу 300 припадници на Армијата за време на прогласената кризна состојба ќе бидат ангажирани во поддршка на полицијата за обезбедување на објектите согласно потребите на Министерството за здравство. Припадниците на Армијата нема да бидат вооружени и ќе бидат распределени само онаму каде што ќе биде тоа неопходно, но исклучиво како придружба на полициските службеници.

Поддршката од Армијата не е заради инцидентите, туку да и се олесни на македонската полиција која треба да ги остварува надлежностите и во другите области. Припадниците на Армијата ќе им помагаат полициските службеници, пред се за одржување на редот пред ковид центрите за да се овозможи поквалитетна и непречена работа на здравствените работници.

На барање на Главниот штаб завчера Министерството за внатрешни работи изработило конкретен план за точките кои ќе треба да бидат обезбедувани од страна на полицијата и Армијата и била утврдена вкупната бројка припадници на полицијата и Армијата. Околу 150 полицајци и 300 припадници на Армијата ќе бидат ангажирани за обезбедување на здравствени објекти, но бројката е еластична.

Приватните болници, што имаат сопствено приватно обезбедување, нема да се обезбедуваат.

В.д. директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов вчера соопшти дека припадниците на специјалните единици ќе бидат употребени само во исклучителни моменти. Додаде дека со цел да бидат целосно транспарентни во Акцискиот план се предвидува вклучување и на невладините организации, чии претставници ќе учествуваат на состаноците, но без право на глас.

Кризната состојба според министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски ќе придонесе за искористување на сите државни капацитети, но и делови од приватниот сектор, со цел да се заштити животот на граѓаните.

– Вака можеме полесно да ги искористиме сите потенцијали, а се да биде координирано од еден центар. Кризната состојба не значи дека од утре нешто се менува радикално. Тековните обврски на граѓаните се одвиваат непречено. Ние четири дена сме во кризна состојба, а граѓаните ги извршуваат своите редовни обврски, рече вчера Спасовски.

Тој вели дека засега нема потреба, но полицискиот час е опција доколку има прогресирање на пандемијата. Според него, мерките треба да се носат постепено за да се види дали даваат резултати. Државата, вели, е тука и ќе направи се за да може да се заштити животот на граѓаните, здравјето и економијата.

 

Владата во петокот донесе одлука за постоење кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, заради заштита на јавното здравје во услови на постоење на пандемија прогласена од Светската здравствена организација од Ковид-19 и заради спречување на негово ширење во зголемен обем со што се загрозува безбедноста на здравјето на населението.

Тоа беше на предлог на Управувачкиот комитет за координација и управување со системот за управување со кризи, по претходен предлог на групата за процена. Во четвртокот, Советот за безбедност препорача прогласување кризна состојба на целата територија на Република Северна Македонија, со цел ефикасно справување со последиците од кризата заради корона-кризата.

Периодот за постоење на кризна состојба на територија на Северна Македонија е во траење од 30 дена./МИА/.

Next Post

Сончево со мала локална облачност, во Скопје до 9 степени

НАЈНОВО

Пукање во училиште во Минеаполис, тројца загинати, дваесет повредени

August 28, 2025

Скопје, Тетово и Куманово први ќе го искусат проектот „Безбеден град“

August 28, 2025

Ким Џонг Ун и Путин на врвот на листата на Си за воената парада во Кина, меѓу гостите се и Вучиќ и Фицо

August 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Вереничкот прстен од Тејлор Свифт. Фото: Инстаграм Тејлор Свифт

    Колку „тежи“ венчалниот прстен што го доби Тејлор Свифт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сопругата на Брус Вилис открива зошто донела тешка одлука да го пресели сопругот во друга куќа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Џејмс Веб“ за прв пат ја сними кометата 3I/ATLAS – неочекувани резултати за нејзиниот состав

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спречен обид за криумчарење на поголема количина препарати за заштита на растенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Италијански фотограф ја направи највпечатливата фотографија на УС Опен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk