Времето во земјава преку денот сончево ќе биде со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер.
Дневната температура ќе се движи од 8 до 16 степени.
Во Скопје дневната температура ќе достигне до 9 степени.
Во следните денови продолжува стабилното и сончево време со ниски утрински температури. Понекаде во котлините наутро ќе има услови за појава на магла и таму температурата ќе остане пониска во текот на денот. За време на викендот ќе настапи промена на времето.