ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Интензивно се гради делницата Крива Паланка-Деве Баир од Коридорот 8, значаен за регионалното поврзување

November 26, 2020 16:18
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Реконструкцијата и проширување со трета лента на патот Крива Паланка – Деве Баир, граничен премин со Бугарија, се одвива со забрзано темпо. Увид во градежните работи на терен денес извршија премиерот Зоран Заев, министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

-Овој патен правец е најзначаен дел од Коридорот 8, бидејќи претставува најфреквентна линија во товарниот сообраќај,  кон и од соседна Бугарија. Дополнително е значаен заради регионалното поврзување и пограничната соработка меѓу општините кои гравитираат во овој дел. Токму поради регионалното поврзување и соработка, како еден од најважните аспекти на интеграцијата во Европската Унија, модернизацијата на Коридорот 8 е од огромна економска важност за нашата земја, а оттаму и наша стратешка определба. Целиот Коридор 8 се реконструира. Патните правци се обновуваат и за година-две граѓаните ќе добијат целосно обновена модерна патна мрежа којашто ја поврзува нашата земја со соседна Бугарија и со Албанија и обезбедуваме излез на две пристаништа: Бургас на Црното Море и Драч на Јадранското. Тоа ќе има позитивен ефект врз поврзувањето на граѓаните од трите земји и врз унапредување на трговските и економски релации помеѓу компаниите, изјави премиерот Заев.

Истакна дека дел од овој процес е и доизградбата на железницата на овој коридор, што е поделен на 3 делници: Куманово – Бељаковце, Бељаковце – Крива Паланка и Крива Паланка – Деве Баир.

-Инвестициите во инфраструктурата се исклучително важни бидејќи отвораат нови работни места. Ја движат економијата напред и со тоа го подобруваат животниот стандард на секој граѓанин. И во вонредни услови патиштата ширум нашата земја забрзано се градат со почитување на сите безбедносни протоколи за заштита. Сето ова на среден и долг рок ќе влијае на економскиот развој. Ги модернизираме енергетските и транспортните коридори кои минуваат низ Северна Македонија за да развиеме систем на превоз што ќе придонесе за зголемување на трговската размена, во функција на подобрување на конкурентноста и развојот на економијата и комуникацијата со европските земји. Силно сме посветени на изградбата на крупните капитални проекти кои ќе донесат долгорочен бенефит за сегашните и за идните генерации, додаде Заев.

Министерот Бочварски посочи дека овој значаен Пан Европски коридор, коридорот 8 е дел од определбите на Владата за реализација на транспортните политики кои се засноваат на интеграција со регионот, на по добро поврзување со соседите и подобра комуникација меѓу земјите.

-Реализацијата на капиталните проекти е особено важна во ова тешко време кога се обидуваме со сите сили да ја доведеме економијата, градежништвото и другите сектори на оптимално ниво. Коридорот 8 не поврзува со неколку земји од регионот и ги отвора вратите кон Европа за граѓаните и што е по важно, з акомпаниите. Значаен е за поврзување со Бугарија на исток и Албанија на запад. Во реалзиација на историски најголемите инвестиции досега во патната инфраструктура, само во овој дел од државата инвестираме околу 100 милиони евра за изградба и модернизација на овој коридор. Конкретно, кон Р Бугарија се рехабилитираше автопатото Скопје-Куманово, во тек е рехабилитација на патото Куманово-Страцин, го рехабилитиравме патото Ранковце-Крива Паланка, се гради во меѓувреме нов експресен пат Ранковце-Крива Паланка и ја рехабилитираме оваа делница Крива Паланка- граничен премин Деве Баир, со проширување со трета лента, рече Бочварски.

Истакна дека до 2022 очекува да имаме комплетно нова патна врска со Бугарија.

-Патот од Крива Паланка до Деве Баир е поделен на три под-делници: првата само се рехабилитира поради тоа што минува низ населено место, во втората делница се врши проширување со трета лента, се прават девијации и се рушат постоечките мостови, се реконструираат и ќе се градат нови мостови, а  во моментот на оваа подделница врши изградба на нов потпорен ѕид со поставување заштитни мрежи, додека двете девијации се речиси целосно завршени, а на третата подделница е предвидена рехабилитација на постојниот дел и изградба на вијадукти. Во моментот се врши асфалтирање, направена е замена на рабници, завршени се стационажи и завршено е гребење и порамнуавње на псотојниот афалт, рече директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Ејуп Рустеми. /МИА/

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

Студентите во блокада ги повикаа граѓаните на Србија на масовен прекин на работата до исполнување на нивните барања

June 30, 2025

Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

June 30, 2025

Брутални навреди и напади врз редакциите на Н1 и Нова: Вучиќ нè нарекува терористи, Информер бара апсење на новинари

June 30, 2025

НАЈЧИТАНО

  • За Латас, децата треба да учат во училиште

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица потешко повредени во сообраќајка во центарот на Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пожар во галија на Вардар во Скопје, интервенира едно противпожарно возило

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во првото коло од Вимблдон 737-от тенисер во светот победи без да изгуби сет

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албански медиуми: Обвинетите за Бањска го обезбедуваа Вучиќ за време на протестите; Косовското Специјално обвинителство поднесе обвинение за воени злосторства против двајца Срби; Прво рочиште во Специјалниот суд за случајот „Партизани“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk