ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Порака од Пендаровски по повод Меѓународниот ден на професорите по француски јазик

November 26, 2020 11:17
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

На јазикот на Молиер се создадени многу капитални дела на човековиот ум и дух. На овој јазик се испратени највредните хуманистички пораки – за слобода, еднаквост и правда, со векови, водечки идеи за правата на човекот и за ослободување и еманципација на народите.

Ова го истакнува претседателот Стево Пендаровски во пораката по повод 26 Ноември – Меѓународниот ден на професорите по француски јазик, што ја упати до професорите, наставниците, научните работници и сите оние кои за своја животна мисија го имаат избрано изучувањето и ширењето на францускиот јазик и култура.  

Оваа година, како што посочува Пендаровски, Меѓународниот ден на професорите по француски јазик го одбележуваме во годината кога славиме половина столетие од формирањето на Меѓународната организација на Франкофонијата, организација вредна за почит, чија мисија е да ги поврзува луѓето и државите кои го почитуваат францускиот јазик.

 – Го одбележуваме и во специфични услови, поради пандемијата со Ковид-19. Но, независно од ограничувањата наметнати од епидемиолошката состојба, со ист ентузијазам како и порано го прославуваме учењето на јазикот кој во себе носи и универзална порака на надеж, солидарност и сплотеност во различностите. Ова е дотолку поважно за нас затоа што и нашето општество е мозаик на јазиците на сите заедници кои живеат заедно во Северна Македонија, истакнува Пендаровски.

Претседателот вели дека нема воопшто дилема дека францускиот јазик и култура кои се изучуваат и во формалното и во неформалното образование кај нас, ќе останат инспирација за откривањето на нови хоризонти на јазично и културно поврзување во светот кој навистина станува се помал, но, во кој богатството на културна и јазична разновидност секогаш ќе биде немерлива вредност

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Трамп тврди дека Кока-Кола се „согласила“ да го замени шеќерот во американската Кока-Кола

July 17, 2025

Малолетник загина по пад од мопед на излезот од Охрид

July 17, 2025

Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Штипјани се оставени со суви чешми, цената на расипништвото ја плаќаат граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk