ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Димитров: Не се откажуваме од македонскиот идентитет и јазик, ниту од европската иднина

November 27, 2020 11:04
in Uncategorized, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот идентитет. Тие две работи се комплементарни и ќе продолжиме да работиме на тој пат, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во интервју за Н1 за блокадата на Бугарија за почеток на преговорите со ЕУ.

– Прашањето на јазикот и на идентитетот е во срцето на внатрешните работи, на суверенитетот на една држава бидејќи е израз на правото на самоопределување, и во таа смисла, ниту еден сосед, ниту една држава има било каква правна основа во меѓународното право, па и во европското право, нам, на Македонците да ни кажува нешто околу македонскиот јазик. Тоа е наша работа. Многу е тешко за нашите граѓани да разберат, па и за мене искрено кажано, како може македонскиот јазик да е пречка за почеток на пристапни преговори за интеграција со една унија каде што јазичната различност е една од фундаменталните, една од темелните вредности. Исто така е тешко да разбереме како може македонскиот јазик да е пречка за добрососедски односи, кои што за да бидат вистина добрососедски, мора да почиваат на меѓусебна почит. Ако јас вам ви кажам каков мајчин јазик зборувате или не зборувате тоа значи дека не ве почитувам. Во таа смисла се соочуваме со еден сериозен предизвик, вели вицепремиерот Димитров

Тој потсетува дека ЕУ за овие прашања одлучува со консензус, како што спомна германскиот министер за европски прашања кој го води телото за општи работи (ГАК) Михаел Рот, сите држави освен една (Бугарија) – го поддржаа почетокот на пристапните преговори и првата меѓувладина конференција во декември,

-Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот идентитет. Тие две работи се комплементарни и ќе продолжиме да работиме на тој пат. Ние изгубивме генерации чекајќи околу проблемот со Грција, потоа имавме две години со француската иницијатива да направи нова методологија на процесот на проширување, на пристапниот процес, и сега го имаме овој предизвик. Ќе биде лошо ако целата енергија ја посветиме на чекање. Мислам дека би сакале се разбира да успееме, меѓутоа ако не успееме ќе ја искористиме добрата волја во многу европски главни градови, ќе ги повикаме земјите членки да ни помогнат и ќе направиме една реформска агенда за да бидеме во добра кондиција тогаш кога ќе се променат околностите кон подобро. Немаме многу време, мислам дека немаме многу време не само кај нас, туку во целиот регион. Единствено решение младите луѓе да не ни одат во европски држави е нашите држави да ги направиме европски и мораме на тоа да работиме забрзано, немаме многу време, на некој начин сме во трка со времето во оваа смисла, вели вицепремиерот за европски прашања.

За тоа кој е следниот чекор за С Македонија, Димитров посочува дека се работи и со Софија на билатерално ниво и со ЕК и со германското претседателство, како и со земјите членки за изнаоѓање на решение.

Next Post

Колозова: БЕЗ ЛАЖЕЊЕ, никаде немаше негација на фашистичката историја на Бугарија

НАЈНОВО

Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

October 24, 2025

Герасимовски најави масовна дератизација во училиштата, градинките и зградите, вонредната во шахтите е во тек

October 24, 2025

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како се регулира онлајн коцкањето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk