Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија, пишува „360 степени“.
Во посебната публикација „НОБ на Македонија“, издадена во Скопје во 1964 година, тогаш генерал-полковник на ЈНА во пензија, Михаило Апостолски, заедно со Јован Павловски, објавува низа фотографии, документи и карти со пригоден текст по повод дваесетгодишнината од ослободувањето на Македонија.
Во книгата, Апостолски, кој е водач на македонската армија во текот на НОБ, пишува дека по одобрение на Врховниот командант на НОВ и ПОЈ, Јосип Броз Тито, во завршните операции од антифашистичката битка активно се вклучила и армијата на Отечествениот фронт на Бугарија, а во операцијата за ослободување на Скопје, учествувала Втората отечествено-фронтовска бугарска армија.
Според податоците што ги објавува генерал Апостолски, Првата отечествено-фронтовска бугарска армија на 3 октомври 1944 година ги отпочнува своите операции во долината на Крива Река.
Целиот текст од „360 степени“, ТУКА.