ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Деспотовски најави влез на нови компании во индустриските зони и зголемување на платите во ТИРЗ

November 28, 2020 21:39
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Новоименуваниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски најави влез на нови компании во индустриската зона. Тој во интервју за ТВ Сител информираше дека контактира со тројца потенцијални инвеститори од различни индустрии но и дека се прават анализи за зголемување на платите во вработените во индустриските зони.

Деспотовски рече дека компаниите од ТИР зоните, само во минатите 10 месеци оствариле вкупен извоз од 2,1 милијарда евра и сочинуваат 45 проценти од вкупниот извоз кој го имаме на ниво на држава. Посочи дека 14.000 наши сограѓани во моментов работат во компаниите во зоните и дека се прават анализи да се поттикнат компаниите да исплаќаат повисоки плати.

-Во програмата за работа на ТИРЗ си поставивме за цел вработените во овие компании да добиваат 30-50 проценти поголеми плати до 2024 година, истакна Деспотовски.

Анализата, како што најави тој, треба да покаже во кој дел се наоѓа неискористениот потенцијал за зголемување на платите, како и јасно воочување на можностите за вклучување на домашните компании во целокупниот извоз кој компаниите од ТИР зоните го генерираат.

-Продолжуваме со привлекување на инвеститори, но сега ставаме дополнителен фокус и на квалитетот на секоја инвестиција. Дали ќе бидат ангажирани работници за плата од 15 илјади денари или на вработените ќе им се исплаќаат месечни приходи помеѓу 700 и 1.200 евра е клучно, истакна директорот на ТИРЗ.

Деспотовски рече дека на средбите кои ги остварил со странските инвеститори во зоните веќе добил најави за проширување на нивните капацитети. Поради пандемијата, се најавува тренд во дел од државите од Западна Европа и САД на географско приближување на инвестициите. Големите корпорации согледуваат дека колку е подолга географската рута, подразбира повеќе ризици. Со ова, истакнува Деспотовски, Западниот Балкан станува дополнително интересен и примамлив за инвестиции.

-Потребен ни е поинаков пристап и во сегментот на инфраструктурата неопходна за развој на бизнисот. Веќе размислуваме за програма која ја нарековме „Посебен стратешки инвестициски фонд“ која ќе овозможи државата и приватните инвеститори да вложуваат во посебни проекти за развој во инфраструктура со цел зоните да функционираат подобро. Тоа се инвестиции, на пример, во гасоводна мрежа, унапредување на системот на снабдување со вода, канализација, патишта или осветлување. Како Влада, само за следната година подготвуваме инвестициски циклус од 15 милиони евра во основна инфраструктура во ТИР зоните, најави Деспотовски.

Next Post

Николов: Приоритет ми се животната средина, сообраќајот и спортот во Штип

НАЈНОВО

Етнички шеми или граѓански вредности: Дали Македонија е подготвена да гласа по совест, а не по припадност?

October 28, 2025
Фото: Скриншот

Хегсет: Во Тихи Океан уништивме четири бродови со наркотици и убивме 14 наркотерористи

October 28, 2025
Скриншот

Трамп: Имаме неспособен човек на чело на ФЕД

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Лино Червар: Секој ден размислувам за Македонија, мојата втора татковина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 28 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk