ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Одделот за неврологија во гостиварската болница се отвора за болни од Ковид

November 28, 2020 10:41
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Зголемениот број на заразени со корона вирусот во гостиварскиот регион ја принуди управата на болницата „Ферид Мурад“ да ги зголеми капацитетите за сместување на болни од Ковид19 на одделот за неврологија. На располагање  ќе бидат ставени и дваесетина здравствени работници и дваесет болнички кревети.

– Имајќи ја предвид алармантната состојба од зголемувањето на бројот на заболени од вирусот Ковид 19 во Гостивар и пошироко денес на 27.11.2020 година, директорот на болницата и координативната група, донесоа одлука како центар на Ковид 19 да биде и одделот за неврологија. Од денес во функција ќе бидат над 20 болнички кревети и над 20 здравствени работници, поточно лекари и технички здравствен персонал кои во секој момент ќе бидат на услуга на пациентите, стои во соопштението од болницата.

Освен на инфективното одделение, поранешната хемодијализа, од минатата недела, пациенти со ковид се хоспитализираат и во дел од интерното одделение.

Во текот на вчерашниот ден по извршените тестирања, во гостиварскиот регион од почетокот на пандемијата беа регистрирани рекордни 94 случаи на Ковид-19, а 52 за оздравени.

Покрај апелот за почитување на мерките, од болничката управа посочуваат на важноста да не се прават посети на болните кои лежат на одделенијата.

– Апелираме да се избегнуваат посети на хоспитализираните пациенти. За специјалистички-консултативни прегледи, прво да се посети матичниот лекар и само за итни случаи да се бараат болнички услуги. Почитувајте го медицинскиот персонал кој дава се од себе и се бори во моментот со невидлив непријател. Само на овој начин можеме прво да се заштитиме себеси, нашето семејство, роднините и општеството, се наведува во соопштението.

Next Post

Фаучи: Вакцинирајте се дури и ако сте се оправиле од Ковид-19

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk