ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ZOOM IN

Бугарија во челустите на сопствената политика (само за 18+)

November 30, 2020 09:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: САШО ОРДАНОСКИ / ЦИВИЛ МЕДИА

Со оглед на последниот бараж од навреди што за викендов ни ги испорача Софија (Борисов, имено, во интервју за германски ФАЦ, тврди дека бугарските комунисти и сталинистичка Москва ги претворале овдешните Бугари во Македонци и сл.), се чини дека наскоро може да се очекува решавачки пробив по прашањето на започнувањето на македонските преговори со ЕУ во декември.

Така си оди тоа на Балканот: соседите до крај мораат да ве омаловажат, пред да ви ја отворат вратата на надежта. Оние што го познаваат Бојко ќе ви кажат дека човекот од историјата има познавања, а уште помалку интерес, ни колку за на бумбар да му врзеш ѕвонец на вратот, ама такви некои времиња се дојдени, Борисов очајнички се бори за својот политички опстанок во Бугарија, па единственото што му се чини математички „опционално“ е да му направи домашно-политички ќеиф на Каракачанов, што значи дека мора малку и тој да се вклучи во општото „вреѓање“ на Македонците, пред да даде „благослов“, како „утешна награда“, за наш почеток на преговорите.

Мизерен е тој пристап, но врз тоа ние малку можеме да влијаеме. Борисов, сепак, не е Ципрас. Багажот во прашање.

Со тоа ќе се заокружи и оваа мачна фаза на патот на македонската интеграција во ЕУ, во тунелот во кој на крајот се наѕира некакво светло. Какво е тоа светло уште точно не знаеме, но сигурно е дека „европскиот“ тунел што допрва треба да го изодиме е прилично долг.

Во таква наметната ситуација, нашата евро-атлантска интегративна стратегија би можела да се опише како избор помеѓу „змија да те апне или магаре да ти го бапне“. Таа стратегија – една од доминантните во историјата на политиката откога е светот и векот, а на Балканот и пред тоа – ја наметнува нуждата, а не правото на достоинствен избор. Сепак, во теоријата на игри, таа има свое оправдување.

Имено, шансите да преживеете ако „змија ве апне“ се 50-50: можеби ќе останете жив, а можеби и не. Од друга страна, „магаре ако ви го бапне“, шансите да останете жив се неспоредливо поголеми! Иако ќе ви треба подолго време да се справите со проблемот на исправено седење на рамни површини. Помагаат разни перничиња, гелови, масажи и тешења, за што во „колонијалниот“ резон на ЕУ има детални прирачници и штедри фондови.

Во една таква равенка нема лесни решенија, но секој одговорен политичар, кој ѝ мисли добро на нацијата, би го одбрал магарето. Во случајов, бугарско. Оние политичари, пак, на кои сопствената кариера им е поважна, ја бираат змијата и го убедуваат народот дека отровот не мора да е смртоносен: имало разни змии, имало разни противотрови, па може отровот и да се исшмука пред да стане смртоносен итн… Не умри магаре (македонско) до зелена трева.

„Магарешката“ стратегија за опстанок на нацијата, додуша, е многу помалку политички потентна (!), од херојските наративи за давењето на змиите, особено кога некој друг мора да ја донесе одлуката! „Змиската“ стратегија во последните неколку децении беше омилениот избор на речиси сите македонски политичари, а некои со помош на дозирањето на „отровот“ владееја по неколку мандати со ред: секогаш кога идентитетот некој ќе го доведеше во прашање, змискиот наратив им беше јуначки, а националните последици магарешки. Дури, би можело да се тврди, стратегијата на „змијата“ преовладуваше и кога за низа внатрешни и надворешно-политички прашања „гаќите“ веќе ни беа паднати.

И, кога за првпат „змиската“ стратегија со Грците ја сменивме со „магарешка“, станавме членки на НАТО. Од „змијарникот“ отровно тврдеа дека е тоа тотална пропаст, крајно идентитетско разнебитување и целосна „магарешка“ национална катастрофа!

За сега да дојдат Бугарите и да бараат да ни земат сè од ништото што ни остана.

А, всушност, смислата на нашето евро-атлантско интегрирање е идните генерации граѓани во Македонија да бидат што поретко принудувани да го прават изборот од животинскиот свет пред кој е исправена овдешната политика.

Ни змија, ни магаре – е идеалот кон кој се стремиме. До тогаш, изборот е меѓу змијата и магарето. Во тој избор, она што не ве убива, ве прави посилен. Токму како што ќе биде и кога ќе помине оваа балканска, тра-ла-ла фаза од бугарско-бугарските внатрешно-политички односи, во кои на Македонија несреќно ѝ е доделена клучната епизодна улога.


Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот

Next Post

Затворени копнените граници на Грција и забранет влез за државјани на трети земји до 14 декември

Shortcut

Најново

Фонд на пензиското и инвалидското осигурување - ФПИОСМ (фото: ФБ ФСПИОСМ)

Раст на пензиите за 3 отсто – законско услогласување, не покачување: Најниските пензиите ќе пораснат за околу 600 денари, највисоките околу 2.800

September 24, 2026

Жесток партиски судир за лобирањето во САД: СДСМ обвинува за скандал, ВМРО-ДПМНЕ враќа дека фирмата е поврзана со Заев

September 24, 2026

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тага за сѐ што е живо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk