ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Коѕијас: Бугарскиот шовинизам создава проблеми во регионот

December 2, 2020 22:00
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Сериозен проблем се создаде во нашиот регион, поради шовинистичкото откопување на македонското прашање од радикалните националисти од Бугарија, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција Никос Коѕијас на почетокот од неговата колумна за „Независната балканска новинска агенција“ и објаснува дека „станува збор или за јасни радикални десничари како што е актуелниот министер за одбрана и за некои други бугарски политичари што сакаат да ги поддржат нивната предизборна битка и нивните лични стратегии“.

Во колумната под наслов „Ставот на бугарскиот шовинизам во македонското прашање“, поранешниот шеф на грчката дипломатија, професор по меѓународни односи и член на движењето „Прато“, Никос Коѕијас пишува за бугарското вето, ги анализира, но и ги критикува барањата и позициите на Софија, а ги коментира и ставовите на дел од грчките десничари и радикални десничари.

Тој истакнува дека со Договорот од Преспа, Грција се ослободи од проблемот, а денес „про-турски ориентираните во Бугарија сметаат дека од договорот, загубиле дел од нивниот „шовинистички наратив” и „како втор бељаџија во регионот, поставуваат два нови предуслови за европскиот тек на Македонија”

Коѕијас пишува дека првиот предуслов е „Северномакедонците да прифатат дека се Бугари” и коментира дека Бугарија „ја нема сфатено етногенезата, во текот на 20-от век, на нов словенски народ, Славомакедонците”.

Коѕијас коментира дека наспроти историските разврски и реалноста „бугарските шовинисти живеат вон време и простор и во ерата на Комунистичката интернационала”.

„Игнорирајќи ја историската реалност, шовинизмот што произлегува од мрачните години на бугарската окупација, сака Славомакедонците повторно да ги именува Бугари. Останат е во ерата на крвно- генетските определувања на нациите и не сфаќа дека нациите денес се културно-политички субјекти со конкретни права во однос на нивните институционални системи. Нема разбрано дека огромното мнозинство на Славомакедонците и уште повеќе секој Албанец од Македонија или Влав со грчка свест, никогаш не би прифатиле да се сметаат за Бугари“, објаснува поранешниот шеф на грчката дипломатија и професор.

Во однос „другото барање на бугарскиот шовинизам”, односно јазикот, Коѕијас пишува дека Бугарија тврди дека „славомакедонскиот јазик не е независен јазик, туку е бугарски”.

„И во однос на ова, нашите пријатели Бугарите заостанаа многу. Јазиците и народите со текот на времето се обликуваат и диференцираат. Никој денес не спори дека австриската нација е засебна нација од германската, или дека скандинавските нации (Данска, Шведска и Норвешка) денес имаат три различни јазици и покрај нивното заедничко скандинавско потекло. Нешто што речиси идентично важи и за словенските јазици“, истакнува Коѕијас.

Вели дека прашањето е тоа што некои во Бугарија со покажување лажна величина „од средновековен тип, посакуваат да создадат нови прашања на Балканот и на европскиот пат на Македонија”, објаснува дека темите кои ги решава животот и/или научното истражување и консултации, не можат да бидат наметнати со претседателски декрети и акти на мирна надворешна политика”.

„Прашањето е исто така дека некои од грчка страна, наместо да ја поддржат Македонија, наместо да се спротивстават на големиот бугарски шовинизам што толку скапо го платија и грчкиот народ и на грчката почва, заслепени од нивниот анти-Преспа гнев, ја поддржуваат политиката што нашите Македономахи ( борци за Македонија) ја уништија политички и воено пред 120 години“, пишува Коѕијас во колумната објавена од „Независната балканска новинска агенција”.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk