ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ON THE HOUR

Попладневен преглед: Заев – aмандманите на ВМРО-ДПМНЕ се срамна непочит кон македонските граѓани, реакции на социјални мрежи – Апасиев докажа дека е во Собрание да изигрува дворски шут…

December 2, 2020 18:01
in ON THE HOUR, ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Стеријовска: Независните групи и организации покажаа повеќе борба и отпорност од аспект на целата криза.  Јас очекував повеќе активности и вклучување од институциите“, изјави Ирена Стеријовска на панел дискусијата „Општеството во пандемија, изведувачките уметности на раб на опстанокот“ во организација на ЦИВИЛ.

Заев: Амандманите на ВМРО-ДПМНЕ и дел од опозицијата се срамна непочит кон македонските граѓани. Уште еднаш ги повикувам пратениците од опозицијата да не посегнуваат кон загрозување на помошта за лозарите, пензионерите, самохраните родители, филмските работници, за сите граѓани – напипа Заев на социјалните мрежи.

Апасиев со амандманите докажа дека е во Собрание да изигрува дворски шут. Опозицијата со 3.000 амандмани ги блокираше измените на деловникот на Собрание, со кои би се овозможило седниците да се одржуваат онлајн.

Теми на утрешната македонско-бугарска комисија: Eвентуалното заедничко чествување на Гоце Делчев, средновековниот и раноосманлискиот период. Професорот Ѓоргиев, пак во изјава за Радио Слободна Европа изрази зачуденост од изјавата на неговиот колега, кој меѓудругото кажа и дека бугарската позиција е единствена и политички монолитна, за разлика од македонската.

Арсовски: Бучковски е одличен познавач на македонско-бугарските односи и почитуван од тамошната јавност. Има позитивни перцепции за неговите политики како поранешен премиер и е прифатен како некој што и порано придонесувал позитивно кон подобрување на односите со соседска Бугарија, истакна Арсовски на редовната прес-конференција во Владата.

Бучковски: Немаме друга мисија, ова мора сега да го решиме. Блиску сме до излезни решенија. Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен, изјави Бучковски при гостување во емисијата Студио 10 на ТВ 24.

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ поднесе несериозни, безобразни и апсурдни амандмани за Деловникот.Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, но и целокупната опозиција во Парламентот не сакаат функционално Собрание и продолжуваат со својата деструктивност да работат директно на штета на граѓаните. Тоа е срамно и неодговорно однесување, тоа е вистинското лице на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата, рече Митрески.

Валканото оружје на криминалните структури во политиката.  Нападот врз прогресивните сили во општеството не е својствен само за Северна Македонија. Илиберални тенденции и хибридни закани против демократијата се бележат во повеќе земји во светот, па така и овде земаат замав. – пишува Џабир Дерала.

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти. Пријавени се 206 смртни случаи од 25 града, незначително намалување за 1% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 169 лица биле над 60 години, 30 лица на возраст од 50- 59 години, 3 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години и 4 случаи во возрасната група од 30-39 години.

Сања Угриновска Спасеновска шеф на кабинетот на Трајко Вељановски сведочеше за „27 април“. Претходно беше сослушан пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната на Трајко Вељановски, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса и учествувал на координативниот состанок пред Конститутивната седница.

 Земјотрес со епицентар во близина на Скопје, почувствуван и во Србија и Косово.

Видео записи од Васил Зафирчев, Дарко Мијалковски, Снежана Коневска Руси и други на денешното рочиште за „27 април“. Судењето за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година продолжува на 4 декември, откако на денешното рочиште беа изведени видео материајли предложени од одбраната на обвинетиот Спиро Ристовски.

После критиките кон Јанша, словенечката Влада го запре финансирањето на новинската агенција СТА.

 И.Т.З.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен

July 17, 2025

Албански медиуми: Косовскиот полицискиот заменик командант Бојан Јевтиќ уапсен за шпионажа; Илир Мета останува во затворски притвор; Бесиана Кадаре разрешена од УНЕСКО

July 17, 2025

Министерот Лимани и градоначалникот Ѓеорѓиевски потпишаа договор за грант за проширување на капацитетите за предучилишно образование

July 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тошковски вели ако дивоградбите претставуваат опасност по живот ќе се рушат, од СДСМ прашуваат – што ако се неопасни

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk