ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Сања Угриновска Спасеновска шеф на кабинетот на Трајко Вељановски сведочеше за „27 април“

December 2, 2020 13:33
in ДЕНЕС, ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Со сослушување на двајца сведоци на денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година заврши со изведувањето на докази одбраната на Трајко Вељановски.

Рочиштето продолжува со изведување материјални докази, предложени од одбраната на обвинетиот Спиро Ристовски.

Сведокот Сања Угриновска Спасеновска, која во 2017 година била шеф на кабинет на претседателот на Собранието и лице за контакт со медиуми, рече дека пред одржување на конститутивната седница се одржал координативен состанок со претставници на политички партии.

– На коордринацијата беше договорено на седницата да има четири точки, дека првите две точки ќе се поминат истиот ден и ќе се продолжи со третата точка кога ќе бидат исполнети услови за тоа, изјави Спасеновска.

Потоа, рече дека, се одржале повеќе координации за изборот на претседател на Комисијата за избори и именувања и откако бил постигнат формален услов за продолжување на седницата.

– На секоја од координациите имаше укажување и барање од пратениците да се откажат од репликите и контрарепликите со цел да се заврши побрзо седницата. Сигурно ова е нотирано и во записниците од седниците, изјави Спасеновска.

На 27 април 2017 година била на работа во Собранието до 16:30 часот, по што си заминала.

– Имавме редовна комуникација како и секој ден, согласно околностите преку телефон, пораки или во кабинет. Тој ден на Вељановски му испратив известување од прес-конференција одржана во прес – центарот на Собранието од претседателот на СДСМ Зоран Заев. Пораката беше сублимат од кажаното на пресот и тоа беше вообичаена работа, рече Спасеновска.

Претходно беше сослушан пратеникот Африм Гаши, како сведок повикан од одбраната на Трајко Вељановски, рече дека бил координатор на пратеничката група Беса и учествувал на координативниот состанок пред Конститутивната седница.

– На 27 април преку ден бев во Собранието и попладне не можев да присуствувам, но знам дека собиравме потписи за продолжување на конститутивната седница во петок, рече Гаши.

Прашан дали спикерот Трајко Вељановски ускартил нечие право на збор, Гаши рече дека тој се држел до деловникот на Собранието.

Во однос на пеењето на пратеникот Зеќирија Ибраими, Гаши рече дека никогаш не се зборувало за такво нешто.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Илија Трпков, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.

Обвинети во овој предмет се поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, ексминистрите за транспорт и врски и за образование, Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски, како и поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

Тие се товарат дека сториле кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“. /МИА/

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

МОК ќе ја претстави македонската младинска олимписка делегација на ЕМОФ Скопје 2025

July 18, 2025

Калас: Русија да прифати одговорност за соборувањето на авионот на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година

July 18, 2025

Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија

July 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Костадин Костадинов на ФБ

    Костадинов се заблагодари на Владата и Мицкоски за поддршката на стратешките проекти во Струмица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како може да е лажна вест кога го кажува токму она што јас го мислам?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мишел и Барак Обама се пошегуваа со гласините дека се пред развод

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Гардијан“: Осум здрави бебиња родени преку вонтелесно оплодување со ДНК од три лица

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од тоа гајбите по зградите на диво има ли нешто поевтино – за пријател прашувам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk