ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Засега нема знаци од Софија за повлекување на ветото, Скопје ќе бара решение до последен момент

December 3, 2020 07:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорите на ЕУ вчера повторно не успеаја да постигнат договор за заклучоците за отворање на преговорите со С Македонија. Бугарија и натаму инсистира нејзините барања поврзани со историјата да бидат вклучени во текстот, што е неприфатливо за другите земји членки на ЕУ. Консултациите продолжуваат во обид да се постигне консензус до министерскиот совет на ЕУ на 8 декември и да се деблокира ситуацијата која, според дипломатите во Брисел, ја држи во заложништво не само евроинтеграцијата на С Макеоднија, туку и на целиот регион. Официјално Скопје и натаму гледа со оптимизам дека ќе се најде решение со Бугарија, признава дека времето до министерскиот состанок е кусо, но ќе се настојува до последен момент на позитивна разрешница.

Новоназначениот специјалниот претставник на Владата за Бугарија Владо Бучковски вели дека е убеден оти Скопје и Софија ќе најдат решение за недоразбирањата и ќе се деблокира европскиот пат на Северна Македонија.

–Убеден сум дека ќе најдеме решение, но не за седум дена. Можеби ќе биде потребно дополнително време, но сме на вистинскиот пат. Интензивно работи нашата комисија, имаме инструменти кои ни ги дава Договорот за пријателство и соработка. Она што го знам врз основа на слични кризни ситуации, молкот од наша страна – кога се молчи е подобро за да дојдеме до посакуваното решение. До последен момент ќе треба да се бориме да се изнајде решение, рече Бучковски на вчерашната прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Скопје го гледа решението во имплементацијата на Договорот за добрососедство и ставање фокус не само на историјата, туку и на инфраструктурните проекти, заедничките капитални проекти, соработката во образованието, културата, на медиумите.

Токму назначувањето на Бучковски за специјален претставник, според министерот Османи, е дополнителен механизам и имплус во механизмите за враќање на довербата во Договорот од 2017 година кој, како што посочи, е формулата за успех за надминување на разликите меѓу Скопје и Софија. 

Османи и Бучковски се согласни дека со заеднички напори може да се изнајде решение кое ќе го деблокира европскиот процес на државата, и ќе биде во духот на европските вредности со целосно почитување на нашето достоинство. Велат дека се настојува да се создадат низа механизми преку кои ќе се се зајакне довербата во политичкиот дијалог меѓу двете земји, а особено довербата во Договорот за пријателство.  

-Работиме и на дополнителни форми на акциски планови преку кои не само декларативно, туку и суштински покажуваме сериозни намери да ја засилиме улогата на Договорот за пријателство, особено неговата ефикасност и имплементација. Во таа насока дополнително на овие политички механизми нашата интенција е да се посветиме на имплементацијата на Договорот и преку назначување на специјален претставник чија мандатна цел ќе биде токму реализацијата на прашањата од интерес на двете земји опфатени со Договорот за пријателство и јас би рекол, враќање на довербата во овој најзначаен механизам за надминување на  отворените прашања меѓу Северна Македонија и Република Бугарија, истакна Османи.  

Од Софија засега официјално не се соопштува дали до 8 декември е можен пробив и деблокирање на преговарачката рамка што треба да го отвори патот за одржување на првата меѓувладина конференција и отворање на преговорите на Северна Македонија со ЕУ.

Дипломати во Брисел за МИА велат дека ситуацијата во однос на ветото на Бугарија за отпочнување на преговорите со Северна Македонија засега останува непроменета, и покрај силните обиди на сите останати земји членки на Унијата.

Освен блокадата за преговорите со Северна Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради тоа виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел. Амбасадорите вчера решиле да се повлече дискусијата за проширувањето и за преговарачката рамка за Албанија.

Во изминатите два имало обиди помеѓу земјите членки да усогласи текстот, но Софија не попуштила, поради што е донесена одлука целосно да се суспендира дискусијата за проширувањето.

Во наредните денови земјите членки ќе продолжат да преговараат на оваа тема за да се деблокира состојбата и да не се држат заклучоците за другите земји од регионот во заложништво.

Земјите членки имаат време до министерскиот совет на осми декември да се усогласат, во спротивно не се исклучува опцијата да нема воопшто никакви заклучоци за проширувањето.

-Сите опции се на маса во овој момент, повлекување на заклучоците за проширувањето, на рамката за Албанија, повлекување на едно од двете само или задржување на двете, преговорите течат и на неформално ниво, велат за МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји вчера изјави дека е се помалку извесно оти до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ.

Според него, шанисте се мали, иако Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за старт на преговорите со Скопје и Тирана.

– Се уште се надевам, но за жал се помалку е извесно дека оваа година ќе можеме да ги усвоиме преговарачките рамки, рече Вархеји на дебатата во Европскиот парламент по повод 25 години од Дејтонскиот договор.

Како последна шанса се посочува Самитот на ЕУ на средина на декември, директните билатерални контакти помеѓу бугарскиот прмиер Бојко Борисов и останатите шефови на држави и влади на ЕУ ќе бидат прилика за нов обид за притисок. Особено по изјавата на канцеларката на Германија Ангела Меркел дека се надева оти до крајот на годинава ќе има придвижување за Северна Македонија.

Доколку Бугарија не попушти сега, првата половина на 2021 е под знакот на португалското претседателство кое има помалку интерес за проширувањето, а Бугарија има избори во март, така што најверојатно одлуката тогаш би се одложила дури за втората половина на 2021, што предизвикува загриженост кај мнозинството земји членки во однос на одржувањето на реформскиот курс во Северна Македонија./МИА/.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Врховен ја укина пресудата против Васил Јованов за поседување и трговија со наркотици и предметот го врати на повторно постапување

May 14, 2025

Сириските граѓани го прославија укинувањето на американските санкции

May 14, 2025

Во израелските напади врз Појасот Газа загинаа најмалку 29 луѓе

May 14, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Затворени 13 научни институти, уште 13 под силен мониторинг

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски е тажен, сака авион – ама нема

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Која е најголемата цел на премиерот Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хоџиќ: Потребно е обединување на напорите на сите прозападни политички сили за брзо враќање на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk