„Да живее Зоран Заев…“, извика портпаролот Димче Арсовски, во обид да ја крене атмосферата на денешните пропаднати протести на ВМРО-ДПМНЕ од 50 души пред Владата!
Откако увиде што направи, Арсовски се обиде да се извади од гафот пред малубројната толпа, овојпат – со говор на омраза: „Не слушнав реакција…ајде уааааа…Нормално не може да живее Зоран Заев, да живее Република Македонија…“
Арсовски и неговиот шеф Мицкоски со недели го повикуваат „народот“ на улица. Одговорот на граѓаните со присутноста е поразителен за ВМРО-ДПМНЕ.
Очигледно, никој веќе нема доверба ниту сака да се покрене поради партијата што цела деценија ја уништуваше систематски земјата, а не се извини и покаја за тоа. Арсовски и ваквите очајни јавни настапи се само приказ за очајот, нервозата и распадот што подолго владее во ВМРО-ДПМНЕ.
Д.Е.