ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Јачева-Улчар за предлогот од Милошоски: Потенцијална стапица под маската на европското решение

July 21, 2025 13:14
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Елка Јачева Улчар. Фото: скриншот

Елка Јачева Улчар. Фото: скриншот

Share on FacebookShare on Twitter

– Иницијативата за усвојување заедничка резолуција во Европскиот парламент со цел потврдување на македонскиот идентитет и јазик – според мене, само на прв поглед изгледа како прагматичен и умерен обид за надминување на блокадата со Бугарија. Ако се задлабочиме, ќе мора да се признае дека оваа стратегија носи значителни ризици и може да создаде уште подлабока и потрајна политичка стапица од онаа што веќе ни е поставена и со Договорот за добрососедство и со Францускиот предлог, пишува проф. д-р Елка Јачева-Улчар од Институт за македонски јазик „Крсте Мисрков“, по изјавата на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошески кој предлага заедничка резолуција во ЕП на Македонија и Бугарија за македонскиот идентитет и јазик.

„Колку што мене ми е познато резолуциите на Европскиот парламент имаат симболичка и препорачувачка природа, но не и обврзувачки карактер. Тие не создаваат правна сила, ниту гарантираат доследна примена од страна на земјите членки. Оттаму, дури и во идеален случај на заедничко поднесување на резолуција со бугарски пратеници (за кои искрено се сомневам дека би се согласиле на вакво нешто), не постои никаква сигурност дека таа ќе има суштинско дејство врз политичките или врз историските позиции на Софија – позициите што систематски го негираат постоењето на македонскиот народ и македонскиот јазик како посебни категории.

Второ, со самото инсистирање на европска потврда за нешто што по својата природа е неприкосновен и историографски заснован факт – македонскиот јазик и идентитет – ризикуваме да го сведеме на предмет на политичко договарање. Тоа не само што ми се чини е концептуално погрешно, туку отвора врата за натамошни условувања, повторни ревизии и несоодветни компромиси. Всушност, со ваквиот пристап, повторно го ставаме македонскиот народ и јазик „во волча уста“ – како заложници на туѓа добра волја и како предмет на преговарачка „размена“, што историски ни носело само штета, а им одело во прилог на негирачките агенди на соседите.

Токму македонскиот јазик, како изворен словенски јазик со повеќе од илјада години пишувана и усна традиција, со свои први писмени споменици од IX век, со стабилен дијалектен континуитет и жива народна литература од средниот век до денес, не смее да се третира како „новоотворено прашање“. Таквото третирање не само што оди на рака на тезата дека македонскиот е „вештачка“ или „бугарска норма“, туку ги делегитимира и напорите на генерации македонски интелектуалци, револуционери и културни дејци кои се бореле за своја јазична и национална посебност.

Покрај тоа, историските факти, од глаголицата и делото на св. Климент и св. Наум, преку охридските средновековни ракописи, до 19-вековните преродбенички ракописи и писма на македонски јазик, сведочат за континуитет што не може да се негира без идеолошка пристрасност. Од таа перспектива, барањето „надворешна потврда“ претставува враќање чекор назад и прифаќање на рамка во која македонскиот народ мора постојано да се докажува – и тоа пред оние што мошне отворено и брутално го негираат.

На крајот, ваквите симболични резолуции, ако се прифатат како дел од компромисна рамка, а не како израз на принципиелна европска поддршка, ќе создадат лажна слика за „решеност“ на спорот – додека на терен ќе продолжат рецидивите на негирање, асимилациски тенденции и условувања. Таквиот исход би бил само нова форма на старото подредување: легитимирано со европски потпис, но на наша сметка.

Македонскиот јазик и идентитет не смеат да бидат предмет на потврдување – тие се реалност. Наместо да се прибегнува кон симболични и потенцијално ризични дипломатски формулации, потребно е државата да инвестира во конзистентна, професионална и културно уверлива политика на самопотврдување, заснована врз наука, образование и меѓународно достоинство“, пишува Јачева Улчар.

Фото: МИА

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски изјави: Ако проблемот се само Бугарите во Уставот, ајде да поднесеме заедничка резолуција во ЕП за македонскиот идентитет и јазик

Ако Бугарија тврди дека проблемот, на отпочнувањето на преговорите со ЕУ, се само Бугарите во Уставот, предлагаме да поднесеме заедничка Резолуција во ЕП со која што ќе се потврди самобитноста на македонскиот идентитет и јазик, изјави Милошоски.

Тој рече дека „Претседателот на Владата, Мицкоски, ја даде оваа отворена понуда до бугарскиот претседател Румен Радев и до нивната влада.

„Доколку пречка за македонските евроинтеграции е само внесувањето на Бугарите во Уставот, тогаш не би требало да биде никаков проблем заедно со соседна Бугарија, да поднесеме резолуција која ќе ја гарантира македонската идентитетска и јазична посебност, а истовремено ќе ја зголеми и довербата помеѓу Македонија и Бугарија. Уште веднаш, можеме да поднесеме заедничка резолуција, да ја зацврстиме меѓусебната соработка на овој план и да го решиме проблемот за отпочнувањето на европските интеграции. Понудата која што е дадена од премиерот Мицкоски, е отворена’, истакна Милошоски.

Ј. Ѓ.

Tags: Антонио МилошоскиЈачева-Улчармакедонски јазикрезолуција ЕП
Next Post

Филозофот Мицкоски

Најново

Илустрација Фронтлајн

Физичарите пред предизвикот на вештачката интелигенција: Моќна алатка која бара човечки „пилот“ и научен скептицизам

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk