ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нема напредок на дводневната 11. средба на македонско-бугарската комисија, проблем употребата на придавката македонски

December 4, 2020 17:37
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Без резултати заврши дводневната 11 средба на македонско-бугарската Мешовита комисија за историски и образовни прашања, информиара на денешната онлајн прес-конференција копретседавачите на Комисијата, македонскиот Драги Ѓоргиев и бугарскиот Ангел Димитров.

-Треба да констатираме, за жал, дека  11-та средба е нула, нема направено дури ни еден минитјатурен чекор. Сигналите кои веќе ги имавме денешната средба за жал ги потврди, а една од нив е поврзана со на прв поглед технички момент, но суштински политички.Тоа е откажувањето на нашите колеги по 7. средба да ги потпишуваат записниците. Тие настојуваа насекаде да се стави македонски. Но, блокирајќи го потпишувањето на записниците се става под сомневање нашата рабпота бидејќи без документ за тоа кои дискусии се водени, какви одлику се донесени, работите изгледаат несигурни и кажуваат за немање желба да се работи поинтензивно и со повеќе резултати. За жал, нашите опсервации покажуваат дека оваа нова позиција на нашите колеги е дел од еден политички однос, од едно убедување за дискредитирање на Бугарија и на државните позиции кои почнаа минатата година, рече Ангелов.

Според него, по однос на суштината на нивната работа, се зборува во Македонија дека Комисијата  решила три периоди и се споменува освен старата историја, средниот век дури и раниот период на османливоството на Балканот, но вели, ние сме многу далеку во врска со учебниците кои ги добиваат учениците во 7 одделение за средниот век.

-Нашите забелешки беа околу 14 точки, ние сме на 4. точка. Поврзана е со цар Самоил и заврши без резултат и покажува отстапување од веќе подготвен заеднички текст за двете влади за заедничко чествување на една ваква историска личност. Многу би сакал наредната година ако работиме целосно навистина да го направиме тоа што се очекува од нас поради потпишаниот Договор за пријателство, рече Димитров.

Драги Ѓоргиев рече дека средбата помина во академска атмносфера со плодна и многуслојна дискусија која, наведе, за жал, не донесе никакви резулати.

– Во тој поглед можам да се сложам со Димитров дека и нема резултати од средбата, но понекогаш  кога нема резултати и тоа покажува нешто, рече Ѓоргиев.

Потврди дека добар дел од средбата бил посветен на два записника од 9. и 10. средба, а главен проблем бил употребата на придавката македонски, а е поврзана со различно толкување на Преспанскиот договор, од бугарските колеги.

-Тоа беше внесено во Комисијата после 6.средба, нашата страна не беше информирана за тоа, но бугарските колеги почнаа да го практикуваат тој начин на правење записници без притоа тоа да биде споделено со нас и да биде известено и нашето Министерството и можеби консултациите со Министерството ќе придонесеа да се надмине проблемот. Засега останува проблемот со придавката македонски. За тоа се разговара и на повисоко ниво и се надевам дека ќе се најде решение, рече Ѓоргиев.

Во врска со работатата на Комисијата за претствувањето на Цар Самоил и Самоиловата држава  во учебниците по историја за 7 одделение, не е постигната согласност, а главниот проблем според него, е во тоа што се избегнува внесување на една мултиперскептивност во учебниците по историја.

-Идејата да се наметне само едно видување на таа држава всушност резултираше со непостигнување резултати. Беа разменети неколку варијанти и предлози за тој дел од нашата историја, но се покажа дека имаме апсолутно споротивставени гледања за тоа како треба да се пишуваат препораките до нашите влади и како би требало да изгледаат идните учебници во РС Македонија и во Р Бугарија.Тука зборуваме речиси на различни јазици, и инсистирањето да се наметне едно гледање на одреден настан и се судија во случај на Цар Самоил и поради тоа не беше постигната никаква согласност, вели Ѓоргиев.

Во однос на Гоце Делчев на состанок било разговарано многу малку, и немало никакво поместивање во однос на дебатата за заедничко чествување на неговиот лик и дело..

За придавката македонски, Димитров реплицираше дека воопшто не станува збор за бугарско гледање на Преспанскиот договор, туку, вели, се работи на замена на теза, односно се инсистира дка во работата на Комисијата некој го става под сомнеж идентитетот и јазикот на граѓаните на РМ.

-Тоа не е вистина. Ако има некои забелешки тие се поврзани со патот кон формирањето на нацијата и идентитетот и таа истоисторија што ја има еден современ јазик тоа се два квалитета на различни работи и не треба шпекулации со емоции на луѓетото, рече Димитров.

Двајцата копретседатели потврдија дека имаат различлни начини на гледање кон интерпретацијата на минатото кон средниот век како и за Цар Самоил.

Next Post
Бучковски - Меркел - Вајгел

Попладневен преглед: Вакцините ќе пристигнат најдоцна до март, не се задолжителни - зошто токму Бучковски?...

Shortcut

Најново

Дина Дума е првата македонска режисерка што ја добива „Nora Ephron Award“ на „Tribeca“ фестивалот во Њујорк

June 13, 2026
Илустрација Фронтлајн

Владата на САД итно ги блокираа напредните AI модели Fable 5 и Mythos 5 на „Антропик“ поради национална безбедност

June 13, 2026

Нула денари штета и загадување – Случајот „Мазут“ од почеток до крај: Што покажуваат фактите?

June 13, 2026

Во Скопје ќе се одржи форум за безбедност за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

June 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во македонската рамка нема „бугарско Поглавје 35“: Софија не успеа да го наметне српско-косовскиот модел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Четирите сурови реалности за бизнисот со вештачка интелигенција: Дали колабира AI балонот?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 9 јуни 2026: Огнен налет, лидерство и оперативна брзина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk