ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски на сесија на ОН: Пандемијата бара системски одговор, заедно да работиме на издржливи здравствени системи

December 4, 2020 09:50
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Пандемијата како системска закана бара системски одговор. Треба заедно да продолжиме да работиме во создавањето на издржливи, добро управувани, одговорни, отчетни здравствени системи кои им служат на граѓаните, порача претседателот Стево Пендаровски на специјалната сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, посветена на пандемијата на Ковид-19 што се одржа вчеравечер по средноевропско време.  

– Пандемијата на КОВИД-19 и натаму претставува најголем ризик за човештвото. Голем број семејства изгубија свои членови, а многу заедници се сериозно погодени. Оваа здравствена криза ги зафати и другите сектори на нашите општества, а економиите претрпеа особено тешки загуби. Со својата здравствена, економска, социјална, хуманитарна и безбедносна димензија, пандемијата е голем тест за нашите земји на начин со каков досега се немавме соочено и нè потсети колку сме меѓусебно поврзани. Со страдањата што ги предизвикува, пандемијата ги разоткри системските слабости и нееднаквости во нашиот свет, рече Пендаровски.

Осврнувајќи се на состојбата и мерките што се преземаат за спречување на ширењето на вирусот во земјава, Пендаровски посочи дека е прогласена кризна состојба на целата територија на државата во рок од 30 дена со цел да му се помогне на здравствениот систем и да се спасат што е можно повеќе човечки животи.

– Оваа голема опасност исто така претставуваше и можност за нашите земји и народи да демонстрираат единство, солидарност и мултилатерална соработка. Во име на македонските граѓани, би сакал да им се заблагодарам на Обединетите нации и Светската здравствена организација за нивното лидерство во координирањето на глобалните напори за контрола и спречување на ширењето на КОВИД-19. Исто така, благодарни сме на сите земји и организации кои нè поддржаа со медицинска опрема, материјали и споделено знаење и искуство, рече Пендаровски.

Оцени дека многу предизвици ќе останат дури и во пост-КОВИД периодот.

-Патот до социјално-економско, па дури и ментално закрепнување за многумина од нас ќе биде долг и сложен. Но, нема друга алтернатива. Човештвото треба со заеднички сили да работи на обновата на светот во кој ниту еден човек нема да биде изоставен, истакна Пендаровски на крајот на своето обраќање.

На сесијата што се одржува во рамки на Генералното собрание на Обединетите нации учествуваа над 150 шефови на држави, влади и министри.

Next Post

(ВИДЕО) Физика со морзеова азбука, енигма машина за Историја - татко ја решава онлајн наставата

НАЈНОВО

Фото: Асоцијација за е-трговија на Македонија

Почнува 8. регионална конференција за е-трговија

November 4, 2025
Фото илустрација: EWB

Европа зборува, Македонија стои

November 4, 2025

Хаос на американските аеродроми: Над 3,2 милиони патници погодени од доцнење по затворањето на владата

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk