ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачев: Малку е веројатно Софија до утре да го промени својот став за ветото

December 7, 2020 10:38
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

„Малку е веројатно до утре или во следните неколку часа да има некаков нов развој на настаните во однос на сегашната состојба, особено ако се има предвид неуспехот на последниот состанок на заедничката бугарско-македонска Комисија за историски прашања“, изјави денеска бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, во врска со можноста за промена на ставот на Бугарија во однос на ветото за преговарачката рамка за земјава со ЕУ во пресрет на утрешниот Советот на министри на Унијата.

Како што јави БГНЕС, според Ковачев, премиерот Зоран Заев треба да манифестира „поголема храброст и поттик“, со цел спроведување на Договорот за добрососедство и пријателство меѓу двете земји.

„Ако во Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Северна Македонија колегите од Скопје се плашат да ги прифатат фактите, тогаш ќе треба да се најдат други механизми за спроведување на Договорот. Европската унија постои не да се мразиме едни со други, туку да живееме заедно во целосна толеранција“, истакна Ковачев.

Според него, не смее да се дозволи младите во земјава „да бидат воспитувани да ја мразат Бугарија“.

„Во текот на последните три децении, ние постојано демонстриравме добра волја – ние бевме првите што ги признавме како независна држава, го браневме нивниот територијален интегритет, дававме различна помош, вклучително и воена, ги враќавме на патот. Од друга страна, она што го гледаме е дека тие не можат да се разделат од приодот на Тито и не се подготвени да ги отстранат наметнатите поделби од комунистичкиот режим“, додаде бугарскиот европратеник.

Ковачев оцени дека македонската страна „се обидува да најде разни изговори“, потенцирајќи дека изборите во Бугарија „немаат никаква врска со заедничката историја“.

„Сите бугарски политички партии се согласуваат – не постои начин да се направи компромис со историјата и јасните историски факти“, нагласи Ковачев, кого БГНЕС го карактеризира како „еден од најголемите поддржувачи за пристапување на Република Северна Македонија во ЕУ“, пренесува МИА.

Next Post

Експертизата на граѓаните при паркирање за да не добијат казна

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk