пишува: Павле Богоевски
Самопрогласениот најголем правен експерт кој некогаш чекорел на македонско тло вчера многу се изнервира кога новинарка ја објави во целост пораката што тој ја пратил како одговор на нејзиното прашање.
апасиев вчера повторно се закани со тужби. Овој пат против новинари, затоа што си ја вршат својата работа. Тоа не е одлика на народен Пратеник. Не е одлика на борец за работнички, а уште помалку за човекови права. Тоа е одлика на гол популист, на кој новата функција длабоко му удрила во глава.
Втората поента е дека диме повторно покажа елементарно непознавање на правото. Едно е да редиш досетки и финти на предавања каде позицијата автоматски ти доделува авторитет врз слушателите, но сосема друго е да го познаваш правото и неговата практична примена.
ВО КРИВИЧНИОТ ЗАКОНИК НЕ ПОСТОИ ЧЛЕН кој ја криминализира медиумската објава на простачката порака од профата со просек од 10,00. Под „личен запис“ се смета дневник, писмо, или друг запис од лична природа, а не текстуален одговор на прашање поставено од новинар/ка.
Секој кој ќе седне во пратеничките клупи може да се збогува со своето право на приватност. Така е и така треба да биде, без оглед што приватниот живот на функционерите може да биде злоупотребен во политички цели. Тоа е тежината на функцијата. Дополнително, во конкретниот случај нема ниту трага од злоупотреба.
А сето ова, тој го прави од опозиција. Замислете само што би било кога би бил на власт и под себе би го имал државниот апарат на принуда и прогон. Би бил уште погнасен од груевски. Бидејќи за разлика од диме, грујо имаше комплекс на повисока, а не на пониска вредност.