Инфлуенсерката и новинарка за убавина Корана Маровиќ за Story магазин одговара на најважнoто прашања во оваа сезона – каква шминка да се носи под маска?
“Со оглед на тоа дека нашата кожа под маската брзо се поти и e мрсна, навистина е најдобро да не се шминкаме. Освен фактот дека ретко која шминка воопшто ќе преживее по неколку часа носење маска, многу веројатно ќе ги заглави порите и ќе предизвика формирање на акни или комедони. Ако навистина треба да издвојам нешто, би избралa минерален прав кој има декоративна, како и подготвителна функција – покрива несовршености, ја смирува кожата и не ги затвора порите.” – вели Корана во своето интервју