Ние градиме, го модернизираме Коридор 8 како една од најважните македонски капитални инвестиции.
Коридор 8 е главната артерија која ја поставува Северна Македонија како крстопат помеѓу соседите, а ги поврзува и Црното со Јадранското Море.
Работите на патната инфраструктура на Коридорот 8 се одвива на целиот исток на земјата, а само во северо-источниот регион се реализира инвестиција од над 80 милиони евра со интензивирана изградба на патната мрежа како никогаш досега – напиша на својот фејсбук профил премиерот Зоран Заев.





