ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Јетон Шаќири: Ќе се раскинат договорите со вработените по Рамковен ако одбијат две опции

December 9, 2020 14:15
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Доколку некој од вработените според Рамковниот договор, кои сега седат дома и примаат плата, двапати одбие опција за ангжаман што ќе му биде понуден за работа  во некоја од институците, ќе му биде раскинат работниот однос,  најави денеска министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Одговарајќи на новинарски прашања, Шаќири појасни дека целта на нацрт законот за  систематизација на административните службеници за вработените преку програмата за  правична и соодветна  застапеност (К5), усвоен на 26. седница на Владата, е да се  реши десетгодишниот  проблем и да се оствари владината програма без дополнителни  финансиски импликации.  По усвојување на законот министерствата за политички систем и за информатичко општество  ќе ги   вкрстат податоците и ќе подготват список, при што, како што рече, ќе се земат предвид професионалната подготовка на  сите кандидати и годишните планови на институциите за 2021 година.

– Јас би посакал за сите вработени  кога ќе се подготви програмата за  префрлање да се има предвид и нивната професионална подготовка  и локациите од кај доаѓаат. Истовремено, по подготвување на списокот,  тие што нема да прифатат, според нацрт законот, ќе се  префрлат во  трансфер листата на  Министерството за информатичко општество.  Во таа трансфер листа ќе се понуди и втора опција, но ако не го прифатат и тоа, ќе се раскине  работниот однос на тие што нема да го прифатат и вториот предлог. Ова е  добар нацрт закон и сите треба да имаме предвид дека е решавање на долгорочен проблем, рече Шаќири.

Посакува на трансфер листата да има што помалку вработени и процесот да заврши во првата фаза и најавува дека со новите законски решенија ќе се  објасни временскиот рок, односно колку  време  максимум  овие лица ќе можат да бидат на листата.

-Колку време тие ќе стојат  веднаш  МИОА после  првата фаза ќе  настојува и во другите институции веднаш да се  комуницираат и за второто нивно распределување. Истовремено сме во подготовка и на новиот закон  за вработени во јавната администрација и во јавниот сектор сектор и тука ќе се предвиди  временскиот рок, но после второто одбивање на  работата ќе се прекине работниот  однос помеѓу нив и ќе се во трансфер листата, појасни Шаќири.

Во однос на префрлањето на вработените од јавната администрација  во приватниот сектор  информираше дека се уште се подготвува програмата, со која што, како што нагласи, ќе се има предвид  никогаш да не биде на товар на вработените во јавниот сектор. Во овој сектор сега се вработени околу 135.000  лица, но бројката е  променлива. /МИА/

Next Post

Спасовски: Засилените акциски контроли на полицијата резултираа со помалку сообраќајни незгоди и последици

НАЈНОВО

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

Интерстелар – филмот што инспирираше вистинска физика

October 23, 2025
Фото: Влада

Мицкоски: Иднината на државата е во ЕУ

October 23, 2025

Рубио: Израелските планови за анексија на Западниот Брег го загрозуваат примирјето во Газа

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто ВМРО победи убедливо и зошто СДСМ изгуби?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Д-р Пановски: Внимание, стаорците нема да чекаат втор круг на избори!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Нормално лесно ќе го решите проблемот со ѓубрето кој вие го креирате

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk