ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Спасовски: Засилените акциски контроли на полицијата резултираа со помалку сообраќајни незгоди и последици

December 9, 2020 14:29
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во ноември оваа година за 21 отсто се намалени сообраќајните незгоди во државава за разлика од истиот месец лани. Минатиот месец седум луѓе го загубиле животот во сообраќајки, а во ноември 2019 година 11,  што претставува намалување за 36 проценти.

Овие податоци ги презентираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Мобилната единица за безбедност во сообраќајот, која е носител на засилените акциски контроли во сообраќајот што МВР ги спроведува од средината на септември.

– По моето враќање  во МВР во септември почнавме со низа оперативни акции за да ја подобриме безбедноста на граѓаните, а една од акциите е насочена кон подобрување на безбедноста  во сообраќајот и пред се намалување на бројот на сообраќајни незгоди со тешки последици.  Анализите покажуваат дека како што течат овие засилени контроли, граѓаните се подисциплинирани во однос на почитување на сообраќајните правила и прописи, што резултира со намалување на бројот на сообраќајни незгоди особено оние со потешки последици. Бележиме намалување на бројот на сообраќајни незгоди во октомври 2020 година, а со поголем процент и во ноември оваа година, рече министерот Спасовски.

Во однос на пешаците како една од најранливите категории на учесници во сообраќајот, за истиот период се бележи намалување за 75 проценти односно во ноември 2019 година загинале четворица пешаци, а во ноември 2020 година еден. Забележано е намалување и на бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди односно воноември 2019 година 70 сообраќајни незгоди, а во ноември оваа година 37, што претставува намалување за 47 отсто.

Од започнување на засилените акциски контроли изречени се вкупно 43. 170 санкции од кои 7.404 за пречекорување на ограничувањето на брзина на движење, 615 за поминување на црвено светло, 7.306 за управување без возачка дозвола, 5.829 за нерегистрирани возила, 854 возила за јавен превоз на патници поради техничка неисправност.

Министерот Спасовски најави дека полицијата која, како што рече, професионално и посветено ги извршува задачите, ќе продолжи со засилените контроли и се заблагодари на медиумите за соработката и следењето на акциските контроли. /МИА/

Next Post

Шекеринска до Ковачки: Својата иднина ја гледа исклучиво како дел од политичките игри

Shortcut

Најново

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk