ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев: Како членка на НАТО – Северна Македонија ги спроведува највисоките стандарди во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот

December 9, 2020 20:17
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев денеска се обрати на настанот на кој се презентираше Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства.

Обраќањето на премиерот Заев, испорачано во присуство на амбасадорот на Кралството Холандија Дирк Јан Коп, на заменик шефот на мисијата во Амбасадата на САД во нашата земја Џенифер Литлџон, на шефот на мисијата на ОБСЕ Клеменс Која, како и пред претставниците на Меѓународната организација за миграции (IOM), и на канцеларијата на Националниот координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам, ви го пренесуваме во целост:

Борбата против тероризмот, радикализацијата и насилниот екстремизам и заштитата на националната безбедност и безбедноста на сите граѓани на нашата земја се во врвот на приоритетите на Владата на Република Северна Македонија.

Република Северна Македонија, како член на Глобалната коалиција за борба против ИСИС и со потпишаните меѓународни договори, декларации и конвенции,  како Заедничкиот Акциски план на ЕУ за борба против тероризам на земјите од Западен Балкан,  работи во партнерство со нашите меѓународни пријатели на заштита на националната и регионална безбедност, како и на унапредување на човековите права и слободи на сите нејзини граѓани, вклучувајќи ги и лицата кои станаа следбеници на радикални идеологии, одлучија да ја напуштат државата и заминаа да се борат на страната на Исламската држава на боиштата во Сирија и Ирак.

Со формирањето на Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризам и усвојувањето на Националните стратегии за  спречување на насилен екстремизам и за борба против тероризам, Република Северна Македонија отворено ја демонстрираше заложбата за применување на таканаречениот широк владин и општествен пристап во борбата со насилниот екстремизам и тероризмот, во справувањето овие безбедносни феномени, вклучително и со феноменот на странските борци.

Владата на Северна Македонија феноменот на странски терористички борци – повратници го третира согласно меѓународните правни стандарди. Воспоставени практики и договори за законско, но во исто време и хумано постапување со оваа категорија на лица.

Можам да кажам дека сме задоволни како нашите институции досега се справуваа со феноменот на странските борци бидејќи истите беа соодветно правно процесуирани низ кривично-правниот систем и се соочија со предвидените затворски казни согласно нашиот правен систем.

Но, она што ќе биде предизвик во идниот период е да се процени дали начинот на кој што институциите ќе постапуваат со лицата кои отслужија казна затвор и членовите на нивните семејства и начинот на нивно прифаќање и интеграција назад во нивните локални заедници, ќе ги даде потребните ефекти во процесот на де-ангажирањето на радикализираните поединци, без притоа да биде доведена во прашање безбедноста и сигурноста на пошироката средина.

Затоа Владата минатата година ја формираше интер-ресорската Работна група за реинтеграција на странски терористички борци. Работната група доби мандат да изработи прецизен план за постапување на институциите при обезбедувањето на соодветен здравствен, образовен, психо-социјален, социо-економски, безбедносен и правен третман кон оваа категорија наши граѓани, водејќи притоа сметка да не бидат стигматизирани од пошироката заедница.

Во оваа прилика сакам да се заблагодарам на нашите партнери и донатори од  меѓународната заедница кои досега дадоа огромна поддршка на Владата и на Националниот комитет при имплементацијата на Националните стратегии за спречување на насилниот екстремизам и борбата со тероризмот. Се надевам на зајакната соработка и во полето на реинтеграција на странските терористички борци бидејќи тие би можеле да претставуваат безбедносна закана не само за Република Северна Македонија, туку и за поширокиот регион.

Сакам да му оддадам признание на Националниот координатор и на членовите на интер-ресорска работна група, за изготвувањето на планот кој е високо оценет од страна на тим од меѓународни експерти и кој овозможува солидна основа за интер-агенциско постапување на секој индивидуален случај поединечно.

Националниот план за реинтеграција, ресоцијализација и рехабилитација на повратници од странски војски и членови на нивните семејства е усвоен во јуни 2020 година. Со планот се ре-афирмираат заложбите за градење на безбедно општество за сите и е преземена обврска да инвестира во примената на таканаречениот мек пристап во справувањето со феноменот на странските терористички борци-повратници.

Владата на Република Северна Македонија ќе продолжи со поддршката преку обезбедување на неопходните услови за натамошна имплементацијата на активностите од овој Национален план.

Развивањето и примената на програми за реинтеграцијата, ресоцијализација и рехабилитација  на странски терористички борци повратници, е предизвик и за далеку поразвиените западни општества, но се надевам дека нашиот модел за реинтеграција ќе ги даде посакуваните резултати кои после 2 или 3 години заеднички ќе ги поздравиме како позитивни.

Next Post

(ВИДЕО) Еден ден со Сашко Николов

НАЈНОВО

Фото: Илустрација, генерирана со ВИ

Судијка трајно го блокира распоредувањето на Националната гарда во Портланд

November 8, 2025

Почина нобеловецот Вотсон – еден од научниците што ја откри структурата на ДНК

November 8, 2025

ЛДП ќе бара поверениците во четирите општини да не можат да се кандидираат за градоначалници на повторените избори

November 8, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Макрон го повика сирискиот претседател да се приклучи на коалицијата против ИД

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Panem et circenses“ – „леб и игри“ во стил на Орце и Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Скандал на Мис Универзум: Натпреварувачките го напуштија настанот по навредата кон Мис на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп со Анаис – 8 и 9 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk