ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Бухова: Вонреден инспекциски надзор за починатиот 28-годишен пациент

December 10, 2020 14:42
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Државниот санитарен и здравствен инспекторат досега има иницирано 25 вонредни надзори за сите условно речено, помлади пациенти. Три од нив се во текот на последната недела, а утре следува и инспекциски надзор за 28-годишен пациент кој почина на 8 декември, истакна директорката на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова.

Таа на денешната прес-конференција во одговор на прашање посочи дека вонредниот инспекциски надзор како и секогаш, го опфаќа целокупниот пат на лекување на пациентот. Од неговиот матичен доктор до установата каде починал.

За поголем од овие вонредни инспекциски надзори, Бухова рече дека веќе имаат иницирано стручен надзор до Министерство за здравство и Лекарската комора. По нивно завршување, како што појасни, ќе дадат поконкретни одговори во однос на тоа дали имало лекарски пропуст или пропуст во лекувањето.

Прашана за болницата во Битола каде беа забележани санитарни нерегуларности, Бухова посочи дека контролното решение во болницат ќе се изврши во текот на наредните денови, затоа што тоа е поголем градежен зафат и  од разбирливи причини  не може да биде завршено за три или пет дена.

Како што појасни Бухова, контролите во сите јавни и приватни здравстевни установи ДСЗИ ги врши во континуитет. Таму каде што има забелешки веднаш се реагира со изрекување наредби со решение. Таа појасни дека контролното решение се врши во оној момент кога е овозможено оптимално време за да се санираат состојбите.

На прашањето дали досега од сите надзори имаат констатирано лекарски пропуст во лекување, Бухова рече дека тоа не е надлежност на ДСЗИ.

-Во овие 8/9 месеци наназад таму каде што имаме констатирано недостатоци сме изрекувале веднаш мерки со решенија. Во онос на пропусти при лекувањето, тоа не е во надлежност на ДСЗИ, тоа го цени посебна Комисија формирана од министерот или Лекарска комора, каде учестуваат специјалисти од повеќе области. Во однос на иницириниот надзори до сега повратен одговор немаме, што не значи дека не се завршени, појасни Бухова.

Во однос на тоа дали изминативе 9 месеци имале пријава од пациент кој не добил одредена здравствена услуга, Бухова рече дека имало една пријава на почетокот, при што ДСЗИ веднаш реагирал и имало промена на директор на една општа болница. Во последниот период, како што рече, таа појасни дека нема пријави во однос на непружање здравствена заштита на пациент за болен од ковид.

Бухова информира дека од минатата недела до денеска во тек се 11 стручни надзори за починати пациенти. Три се дополнителни, покрај тековните осум од минатата недела. За овие надзори е потребно повеќе време, бидејќи како што појасни, мора да се  следи целиот тек на лекување од матичен доктор, лекување дома, патување преку Итна медициска помош до соодветна институција и хоспитализација.

-Нема брзање во вонредните инспекциски надзори затоа што врз база на вонредните инспекциски надзори понатаму можеби ќе треба вонреден стручен надзор за конечен исход во однос на тоа дали има или нема грешка во лекувањето, рече Бухова.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk