Северна Македонија сама решава на кој јазик сака да зборува, рече бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата со специјалниот претставник за Бугарија Владо Бучковски во Софија. Видео од средбата e oбјавено на фејзбук страната на Борисов.
„Во Северна Македонија може да решите како сакате да зборувате и никој не може да ви наложи и да ви наложи на кој јазик да зборувате. Никој не го барал тоа од вас, особено не јас“, рече Борисов.
Борисов рече дека бил изненаден од изјавата на неговиот пријател Зоран Заев кој го обвинил дека работел на подигнување на личниот рејтинг и дека Бугарија не го почитувала Договорот за добрососедство и пријателство.