ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти, дома се пуштени 20 оздравени лица

December 10, 2020 10:59
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО, ПАНДЕМИЈА

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 499 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 22 приеми и тоа еден пациент бил хоспитализиран на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, четири болни се хоспитализирани на  ОРЛ, тројца пациенти на Клиниката за гастроентерохепатологија и исто толку на очната клиника. По четири нови болни биле примени на Институтот за ТБЦ и на Клиниката за неврологија.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 10 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 20 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 26 пациенти, на Клиниката за неврологија 33 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 49 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 25 пациенти, на Клиниката за очни болести 14 пациенти, а на ОРЛ 27 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 23 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 110 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 161 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент, од кои 8 деца и 23 возрасни.

Вкупно 499 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив се на кислородна поддршка.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 30 тина слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ 8 Септември.

Од Министерството за здравство информираат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

 

Next Post

Стипендии за додипломски студии на Универзитетот на Кипар

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk