ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

ЗаТатковинатаСоЉубов е платформа на која луѓето, волонтерски, даваат мислење, експертиза или совет

December 10, 2020 16:26
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter
Би сакал да споделам повеќе информации поврзани со платформата #ЗаТатковинатаСоЉубов
Истата претставува неформално тело, платформа за дискусија со луѓе кои можат да дадат мислење, совет или експертиза за да дојдеме до поквалитетни предлози и политики. Тие не се професионално ангажирани како советници во мојот кабинет или во Владата, ниту нивните мислења се обврзувачки за Владата ниту пак ќе примаат каков било надомест, објави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на Фејсбук.

Покрај оваа неформална група, јас секојдневно разговарам со различни претставници од бизнис заедницата, академци, граѓани. И нивните барања и мислења влијаат на предлозите што ние потоа ги даваме и ги усвојуваме како Влада.

Секако, Владата работи по свои јасни методологии и процедури и секоја дискусија и консултација која ние како политички претставници ја правиме, на крај се преточува во одредена предлог одлука, политика, стратегија, акциски план и за сето тоа е навремено информирана јавноста.

Составот на #ЗаТатковинатаСоЉубов е флуиден, односно ќе се менува во зависност од темата. На првиот состанок имаше повеќе од 20 економски експерти од различни области. Сега веќе се пријавија уште десетина други што би сакале да учествуваат на наредните состаноци.

Експертите присутни на првиот иницијален состанок на платформата “За Татковината Со Љубов” се домашни професионалци од повеќе различни економски области, кои се подготвени да го стават својот капацитет во функција на државата. Тие доаѓаат од различни политички провениенции и економски школи, но заедничко за сите нив е што се отворени за соработка и совети во интерес на забрзан економски развој, долгорочно планирање на развојот на економскиот систем и доброто на државата.

Членовите во платформата “За Татковината Со Љубов” ова го прават волонтерскии јас сум благодарен што сите овие луѓе изразија подготвеност про-боно да одвојат време и да дадат совет, коментар, мислење или идеја во интерес на нашата земја. Засега планирана динамика на состаноци е еднаш месечно.

Тенденција ни е да ги вклучиме сите заинтересирани релевантни експерти за поединечни теми на интерес и составот верувам дека ќе се проширува значително во иднина. Повеќе различни аспекти на гледање на работите, можат само да бидат од корист. Сите заедно ние сакаме да покажеме дека без оглед на сите останати разлики, патот за просперитет на нашата татковина е поважен од било што друго. Нема да дозволиме никакво компромитирање на оваа благородна иницијатива, ниу пак какво било партиско-политичко профитирање. Сите кои сакаат да помогнат се добредојдени.

Токму разноликоста на оваа платформа, од повеќе аспекти, е значајна бидејќи таа ќе продуцира инклузивни насоки кои ќе бидат конструктивно анализирани од повеќе агли, се со крајна цел да произведат патека за нашата економија која ќе биде долгорочно кохерентна и конзистентна.

Мојата врата е и останува отворена за сите професионалци и експерти кои што сакаат да се вклучат и да помагаат во интерес на граѓаните.

Активните членови на платформата, во моментов, се:

Агим Мамути;

Благица Петрески;

Борче Треновски;

Борче Смилевски;

Борис Ефтимовски;

Ванчо Узунов;

Веле Самак;

Висар Адеми;

Вељанд Рамадани;

Виктор Мизо;

Горан Рафајловски;

Зоран Кочоски;

Игор Ивановски;

Игор Андреев;

Коста Петров;

Љупчо Зиков;

Марјан Петрески;

Никица Мојсовска Блажеска

Никола Поповски;

Нина Фити;

Олимпија Заевска Христова;

Сашо Ќосев;

 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Повторно воспоставена легендарната алпска железничка рута – Таурн

July 16, 2025

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

July 16, 2025

МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

July 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мини‑делница, макси‑пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МПЦ-ОА уште еден чекор поблиску до Москва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Национализмот на вечната жртва

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Србија од октомври ја зголемуваат минималната плата на 500 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk