„Од 1 јануари 2010 до 22 октомври 2020 година барања за добивање бугарско државјанство поднеле 77.829 македонски граѓани, од кои 77.726 како основа за барањето навеле дека имаат бугарско потекло. Во истиот период со указ на претседателот бугарско државјанство добиле 65.675 македонски граѓани“, изјави денеска во Бугарскиот парламент министерката за правда Десислава Ахладова.Прашањето го постави пратеникот на ГЕРБ, Христо Гаџев.
Дирекцијата „Бугарско државјанство“ во склоп на Министерството за правда си спроведува интервјуата со молителите/барателите и формира досиеја и предлози, изјави Ахладова и потенцира дека бројот варира секоја година.
Што се однесува до добивањето бугарско државјанство, се подготвуваат законски измени коишто предвидуваат странци да можат да добијат државјанство ако инвестираат на берза најмалку 2 милиони лева. Добивањето пасош, пак, како и досега, ќе биде во две фази. Странецот прво треба да даде доказ за постојано живеалиште, а потоа може да аплицира и за државјанство. Но со предложените тестови се зголемуваат барањата за странците кои сакаат да дојдат до бугарски пасош преку инвестиции.