ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

„Санофи“ и „ГСК“ забавуваат со тестирањето на нивната вакцина

December 11, 2020 10:55
in ДЕНЕС, ПАНДЕМИЈА, СВЕТ

Француската фармацевтска корпорација „Санофи“ и британската „ГСК“ соопштија дека им треба дополнително време за истражување и тестирање за вакцината што ја развиваат како одговор на коронавирусот. Причината за тоа е слабиот имунолошки одговор кај постарите лица, се наведува во денеска објавеното соопштение од двете компании.

Привремените резултати од студијата во првата и втората фаза покажаа имунолошки одговор кај лицата од 18 до 49 години споредлив со оној кај пациентите оздравени од Ковид-19, но затоа има низок имунолошки одговор кај постарите лица, што веројатно се должи на недоволната концентрација на антигени.

Недоволниот имунолошки одговор кај постарите лица укажува на тоа дека треба да се специфицира концентрацијата на антигени потребни за високо ниво на имунолошки одговор во сите возрасни групи, се наведува во извештајот.

Според потпретседателот на „Санофи“, Томас Триумф, компанијата е решена да развие безбедна и ефикасна вакцина против Ковид-19. Експертите планираат во февруари да спроведат студија за фазата 2б, а доколку резултатите бидат позитивни, студијата за глобална трета фаза ќе може да почне во вториот квартал од 2021 година, соопшти компанијата.

Доколку испитувањата бидат успешни, потребните регулативи ќе бидат презентирани во третиот квартал, а самата вакцина ќе биде достапна во четвртиот квартал од следната година.

Претходно, компаниите планираа нивната заедничка вакцина да ја лансираат кон средината на 2021 година, а владите и ЕУ презедоа договорни обврски за нејзино купување. /МИА/

Next Post

Од што се плашат познатите во Холивуд

НАЈНОВО

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

August 16, 2025

Меланија Трамп му испрати писмо на Путин за киднапираните деца од Украина

August 16, 2025
Фото: Скриншот

Трамп: Претпоставувам ќе има средба помеѓу Зеленски, Путин и мене

August 16, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Уапсени демонстранти во Нови Сад на колена, со лисици и главите потпрени на ѕидот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Јулија Навалнаја до Путин: Ослободете ги сите политички затвореници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk