Владата им излезе во пресрет на барањата и иницијативите на повеќе субјекти погодени од кризата и на предлог на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, во соработка со претседателот на Владата и Генералниот секретаријат донесе одлука дополнителниот сет на мерки во вкупен износ изнесува 488.803.928,00 денари, односно околу 8 милиони евра.
На седница на Владата денеска е донесена одлука со која е одобрена предлог листа на 99 проекти во 75 општини за финансирање од дополнителни средства кои се обезбедија со пренамена на 35 милиони евра од ТАВ што беа предвидени за изградба на карго аеродром во Штип.
Министерката за образование и наука Мила Царовска денес попладне одржа онлајн консултативен состанок со родители и учениците на кој разговараа за новата концепција за основно образование која треба да стартува од идната учебна година.
Денеска се регистрирани 1161 нови случаи на Ковид, оздравени се 806 пациент – починати се 26 лица.
СAД може да започнат да ги имунизираат првите Американци против коронавирус со вакцината на Фајзер/БиоНТек од понеделник, соопшти министерот за здравство Алекс Азар.
Одделот за храна и лекови на американската Влада (ФДА) се очекува до вечерва да извраши итна авторизација за Ковид-19 вакцината на фармацевстката компанија Фајзер, објави Њујорк тајмс.
Речиси една милијарда дози од водечките кандидати за вакцина против Ковид-19 се обезбедени за земјите со мал и среден приход според програмата Ковакс, соопшти Светската здравствена организација.
Пријавените со лажно прикажување на факти кои се однесуваат на нивниот идентитет и лажни инкриминирачки информации за правно лице, побарале парична награда во износ од 3.000 евра како би му помогнале да се избришат податоци.
Претседателот на Словенија Борут Пахор изрази разочарување на форумот 2БС (2BS – To be Secure ) во Подгорица поради тоа што политиката за проширување во моментов не е високо на агендата на Европската унија.





