ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЦИВИЛ: Штипјани гласаат, наспроти повиците на бојкот и лажните вести, нотирани непристапни избирачки места

December 13, 2020 17:41
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
deralla press
Share on FacebookShare on Twitter

„Од повеќе различни места низ целиот град, до прес центарот на ЦИВИЛ пристигнуваат информации за растурање печатен материјал со црна пропаганда и повик да не се гласа, кој се дистрибуира во текот на денешниот ден. Набљудувачите јавуваат за сведоштва од граѓани дека активисти на одредена политичка партија ги посетуваат или се јавуваат кај гласачи со цел да ги убедат да не излезат на гласање. Тоа претставува грубо кршење на изборниот молк и притисок врз гласачите“ – соопшти Џабир Дерала на почетокот на прес конференцијата во 17 часот, посветена на изборниот ден во Штип и Пласница.

Неколку извештаи од набљудувачите на ЦИВИЛ јавуваат дека се забележани проблеми со Избирачкиот список, како и разместување на избирачките места. Исто така, се бележат и неколку избирачки места кои се недостапни за лицата со попреченост.

Од околу пладне, на денешниот ден на гласање, се бележи и синхронизирано ширење на тврдења на социјалните мрежи дека, наводно, на избирачките места гласаат и заболени од Ковид-19. Ова се совпаѓа со повиците да се бојкотираат изборите, односно се открива намерата да се предизвика паника кај гласачите и да се намали излезноста. Партиските активисти ја дистрибуираат оваа вест, а ја преземаат и дел од интернет порталите. Тврдењата не се поткрепени со докази.

Во 14 избирачки места се бележи нецелосно почитување на здравствените протоколи, односно дел од гласачите не се придржуваат кон правилата за одржување дистанца, а дел од нив маските ги носат под носот.

Дел од новинарскиот тим на ЦИВИЛ МЕДИА беше во обиколка на повеќе делови од Штип, при што и самите дојдоа до интересни сознанија, за што секако набрзо ќе има и видео запис.

Муратов од тимот на ЦИВИЛ МЕДИА раскажа дека оние избирачки места што екипата ги посетила биле обезбедени со полициски службеници, наспроти тврдењата дека изборниот ден минува без полициско обезбедување. Тој додаде дека сите гласачи со кои се сретнале се изјасниле дека гласале без никакви притисоци. Она што е забележливо во речиси сите избирачки места што ги посетиле, вели Муратов, е дека нема пристапни рампи за лицата со попреченост.

Како и да е, овој ден ќе го одбележи кршењето на изборниот молк со ширење на црната пропаганда и тврдењата непоткрепени со факти дека гласаат лица болни од Ковид-19. Остануваат уште помалку од два часа до затворање на избирачките места. Следната средба во живо ја закажуваме во 19 часот.

 

 

извор цивилмедиа.мк
Next Post

ДИК: Одѕивот на изборите во Штип до 17 часот е нешто над 29 проценти, во Пласница 38,11 проценти

НАЈНОВО

Судскиот совет разгледа 72 претставки и поплаки против судии и судови, за три одлучи дека се основани, исто толку се повлечени

November 5, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Определени мерки на претпазливост за возачот кој го прегази Јорго Ќука

November 5, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Археолошка сензација во Кенија: Откриени најстарите алатки на светот – стари 2,75 милиони години користени од најраните луѓе

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk