ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: Излезеноста на изборите во Штип до 13 часот 16,61, а во Пласница 22,35 отсто

December 13, 2020 14:26
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

На денешните предвремени избори за градоначалник на Општина Штип до 13:00 часот гласале 6938 гласачи, односно 16,61 отсто, а на изборите за прв човек на Општина Пласница – 1107 избирачи, односно 22,35 проценти, соопшти претпладнево Државната изборна комисија (ДИК).

ДИК информира дека до овој момент не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

– Сите избирачки места во општина Штип и општина Пласница се навремено отворени. Гласањето е започнато во 7:00 часот и ќе трае до 19:00 часот, се соопшти утрово ДИК.

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

ДИК потесттува дека информациите во однос на излезеноста на гласање, како и резултатите во живо по завршувањето на гласањето ќе можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година.

На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачоте од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.

Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас.

Гласење е спроведено во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип, од кои само едниот го оствари своето право на глас.

На гласачките места во казнено поправните установи своето гласачко право денеска можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил своето право на глас./МИА/

Next Post

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 813 пациенти, слободни кревети има

НАЈНОВО

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
Фото: Скриншот, видео Јутјуб, Скај

(ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

November 4, 2025
Скриншот

Војната во Судан излегува од контрола, алармираше генералниот секретар на ОН на конференција во Катар

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кралот Чарлс го одликува Дејвид Бекам со витешка титула „Сер“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk