ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ДИК: Излезеноста на изборите во Штип до 15 часот е 23,03 отсто, во Пласница 33,47

December 13, 2020 15:57
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

 На предвремените избори за градоначалник на општина Штип  до 15 часот гласале 9 620 избирачи, односно  23,03 проценти со право на глас, а во Општина Пласница 1 658 гласачи или 33,47 проценти, соопшти попладнево Државната изборна комисија. 

До овој момент до Државната изборна комисија, како што соопштија оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk . 

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Избирачите со право на глас на вонредните избори за градоначалник на Општина Штип можат да гласаат на 77 избирачки места за еден од петмината кандидати за градоначалник, кој ќе има мандат од девет месеци се до редовните Локални избори во 2021 година. На овие избори за градоначалник во општина Пласница избирачите од четири села може да гласаат на девет избирачки места.

Во СВР Штип претпалден во 10:25 часот е пријавено од член на Избирачки одбор дека на гласачкото место 2276 лоцирано во штиспката  детската градинка „Вера Циривири Трена“ лица на возраст од 72 и 67 години гласале на посоченото гласачкото место иако биле позитивни и биле во списокот за изолација од КОВИД-19.

На списокот за изолација се од 12 декември 2020. Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова  изјави дека известен е јавен обвинител по чија насока по комплитирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Како што информира претседателката на Општинската изборна комисија, Сенка Андреева процесот на гласање на гласачкото место не бил прикинат и при најмал сомнеж дека е загрозен процесот на гласање се праќа екипа од Центарот за јавно здравје да направи дезинфекција.

Изминатите два дена во Штип и Пласница гласаа ковид болните, лицата во изолација, болните и немоќни, осудениците и станари на геријатриски домови. Како што соопшти синоќа Државната изборна комисија, избирачките одбори го спроведоа гласањето на овие лица и до општинските изборни комисии доставија известувања со соодветна документација.

Во своите домови гласачкото право можеа да го остварат 142 гласачи кои се пријавиле како болни или немоќни, и тоа 66 гласачи во општина Штип од кои сите 66 гласачи го оствариле своето право на глас, и 76 гласачи во општина Пласница од кои 70 гласачи го оствариле своето право на глас. Гласење е спроведено во еден центар за вонсеменја грижа каде што се сместени двајца гласачи кои се од општина Штип, од кои само едниот го оствари своето право на глас. На гласачките места во казнено поправните установи своето гласачко право  вечера можеа да го остварат 67 гласачи кои се од општина Штип, од кои 60 гласачи го оствариле ова право и 1 гласач од општина Пласница, кој исто така го остварил правото на глас. /МИА/

Next Post

Се зголемува излезноста, над 20% штипјани гласале до 14 часот

НАЈНОВО

Генерирано со ВИ

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во Тузла, загинаа 10 лица, меѓу повредените има и спасувачи

November 5, 2025
Анаис

Дневен хороскоп со Анаис – 5 ноември

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk