Државната изборна комисија информира дека oдзивот на гласачи за предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, до 13:00 часот е 16,61% во Општина Штип и 22,35% во Општина Пласница.
До овој момент до Државната изборна комисија не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.
Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницата www.lokalni2020.sec.mk.
Следното соопштение за излезноста на гласачите на превремените локални избори во Штип и Пласница ќе биде во 15:30.