ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Интересни факти и верувања за зачините и билките

December 13, 2020 12:15
in ДЕНЕС, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Ги препознаваме нивните ароми, обожаваме да ги инкорпорираме во најразлични јадења, ги користиме секојдневно без многу да ги „разгатнуваме“, но зачините и билките се пофасцинантни отколку што веројатно си замислувате.Сте знаеле ли дека некои луѓе имаат фобија од лук, Конфучиј со секој оброк јадел ѓумбир, каранфилчето е дел од некои од најпопуларните парфеми.Од повеќевековната историја на зачините и билките се раѓаат мошне интересни факти и легенди:

Рузмарин – Во античка Грција, студентите ставале рузмарин на главите за да им помогне за време на испитите. Две илјади години подоцна, научниците докажаа дека рузмаринот навистина ја стимулира меморијата.

Лук –Дали мразите лук од дното на душата? Можеби имате алумфобија. Постојат луѓе кои имаат алумфобија, односно страв од лук, и воопшто не сакаат ниту да го помирисаат, ниту да му се доближат, а најмалку да го вкусат.

Морско оревче – За време на пандемијата со чума, луѓето носеле со себе морско оревче, со надеж дека ќе ги заштити. Чумата се ширела преку болви, а морското оревче е моќен инсектицид, па затоа некои научници веруваат дека тоа всушност можело многу да им помогне во тоа време.

Чили –Кога станува збор за чили пиперките, добро е да се водите од правилото „колку е помала пиперката, толку повеќе лутина има во неа“.

Куркума – Веројатно сте наишле на свадбени фотографии на кои лицата на невестата и младоженецот се премачкани со жолтеникаво-кафеавската паста. Тоа всушност е паста од куркума и со векови се користи во свадбените ритуали во Индија.

Оригано – Според легендите на старите Грци, ориганото се користело како противотров, особено за каснувања од змија и се сметало за можно решение во борбата против акните и иритација на кожата.

Копар – Легендите велат дека невестите носеле копар во свадбените чевли, бидејќи верувале дека тоа ќе им помогне да ги маѓепсаат сопрузите да ги слушаат бескомпромисно.

Цимет – Освен што се поврзува со неодоливи десерти и топли пијалаци, цимет во изминатите неколку години стана асоцијација и за „човечката глупавост“ поради непромислениот и опасен „предизвик со цимет“. Станува збор за обиди да се проголта што повеќе цимет, а тоа води до проблеми со дишењето, иритација на грлото, па дури и задушување.

Кари – Во традиционалната индиска медицина, кари се користи за да помогне во варењето на храната, како и за стимулирање на функцијата на црниот дроб.

Мајчина душица – Мајчината душица била едно од омилените растенија на римските императори. Ја консумирале пред секој оброк со надеж дека ќе ги заштити од евентуално труење.

Ѓумбир –Прочуениот кинески филозоф Конфучиј јадел ѓумбир со секој оброк за сила и здравје и советувал секогаш да се консумира зачинот во мали количини.

Каранфилче – Каранфилчето е исклучително важна состојка при производството на повеќе парфеми како Пако Рабан и Дона Каран Голд. Некогаш беше највредниот зачин на светот и 1 кг чинеше колку и 1 кг злато.

Црн бибер – Во античко време, биберот бил познат по лековитите својства. Се нарекувал „црно злато“ и често се користел наместо пари, како средство за размена.

 

Next Post

Тајмс оф Индиа: Кето диетата го намалува ризикот од Ковид-19

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk