ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Уште малку гласачи фалат цензусот во Штип да биде исполнет, а новиот градоначалник легитимен

December 13, 2020 18:08
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во 19 часот се затвораат гласачките места во Штип на кои денеска се спроведуваат локални избори за градоначалник на општината. Ако се следат бројките до 16 часот, тогаш во последните три часа се потребни да излезат помалку од 10 отсто од гласачите. Законскиот цензус за легитимни избори е на изборите да излезат една третина од гласачите, или 33,3 отсто од запишаните избирачи.

До 17 часот процентот на излезени надмина 29 отсто, што значи дека уште малку останува за цензусот да биде исполнет, а Штип вечерва да добие легитимен градоначалник. Остануваат уште два часа до крајот на гласањето, доволно време за сите оние кои и мислат добро на општината, а пред се на самите себе и на своите семејства, да го искористат граѓанското право и да гласаат.

Овој градоначалник ќе има мандат од нецела година, но тоа не значи дека мотивот за гласање треба да биде намален, напротив, во услови на здравствена и на економска криза, првиот човек на општината е неопходен, пред се во реализација на големите проекти кои се започнати или се планираат да започнат на пролет, а се помогнати и од централната власт.

Затоа овие локални избори за градоначалник се прилика за штипјани да си овозможат подобар живот и пофункционална и поисполнителна општина.

Имено, градоначалникот е носител на многу работи за непречено функционирање на општината и затоа одговорните граѓани не смее да дозволат никој да не ја води општината до следната есен кога ќе се одржат редовните локални избори.

Ако цензусот не биде исполнет, тоа нема да биде толкав пораз на кандидатите или партиите кои настапуваат на изборите, туку ќе биде пораз пред се за граѓаните, што може негативно да се одрази врз нивното секојдневие во следната година.

Сепак одлуката е на гласачите, а според континуираниот раст на излезноста во текот на целиот ден, очекувано е до 19 часот цензусот да биде исполнет.

 

Д.Е

Next Post

САД ќе имунизираат сто милиони луѓе во првиот квартал на 2021 година

НАЈНОВО

Фото: Навивачки клуб на „Барселона“

Се запали автобус со навивачи на „Барселона“ во Бриж, нема жртви

November 5, 2025

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Украина

November 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Флик сака да ја напушти Барселона?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Волф: Антонели е способен да стане шампион во Ф1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk