ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

25 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор

December 14, 2020 14:32
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На денешен ден пред 25 години во Париз беше потпишан Општиот рамковен договор за мир во БиХ, попознат како Дејтонски договор, со што се стави крај на војната во Босна и Херцеговина.

Договорот, кој беше постигнат на 21 ноември 1995 година, на 14 декември го потпишаа поранешните претседатели на Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина, Слободан Милошевиќ, Фрањо Туѓман и Алија Изетбеговиќ, во присуство на тогашниот државен секретар на САД Ворен Кристофер.

Со договорот босанската држава беше зачувана, но поделена на два „ентитета“: „Федерација Босна и Херцеговина“ со мнозинско хрватско и муслиманско население и „Република Српска“, претежно населена со Срби. Дополнително постоеше и „специјална административна област“ во градот Брчко на истокот на земјата. Создадена беше и Канцеларија на „Високиот претставник“ на меѓународната заедница, задолжена за надгледување на имплементацијата на цивилниот дел од договорот, потсетува Дојче Веле.

За да се избегнат можни тензии и конфликти трите „конститутивни народи“ – Бошњаци, Хрвати и Срби добија право на вето за заштита на своите „витални национални интереси“. Тоа значи дека нивните членови во Претседателството и во босанскиот Парламент може да го блокираат секое решение доколку сметаат дека нивната етничка група е загрозена.

Потписниците се обврзаа меѓусебните односи да ги регулираат според Повелба на ОН, Завршниот хелсиншки акт и други документи на ОБСЕ, како и на меѓународно почитување на суверенитетот и решавање на недоразбирања на мирољубив начин.

Договорот има 11 анекси кои се однесуваат на воени, политички и цивилни аспекти на мировниот договор, како и регионалната стабилизација.

Анексот четири од Договор сè уште е Устав на БиХ.

Дејтонскиот договор беше постигнат во воздухопловната база Рајт-Петерсон, близу Дејтон, во американската држава Охајо.

Конференцијата траеше од први до 21 ноември 1995 година, а главни учесници беа Милошевиќ, Изетбеговиќ и Туѓман, американскиот посредник Ричард Холбрук и генералот Весли Кларк.

Дејтонскиот договор беше кулминација на шатл-дипломатијата, што ја почна Холбрук со неговиот тим под покровителство на САД.

Next Post

Димитров: Браниме кристално чисти вредности, нашата принципиелна позиција е уважена и разбрана од европските партнери

НАЈНОВО

Скриншот

САД и Јапонија го зајакнуваат безбедносниот сојуз, Такаичи го забрзува зголемувањето на буџетот за одбрана

October 28, 2025
Скриншот

Гутереш повика на итни разговори за прекин на огнот во Судан по заземањето на Ел Фашер од РСФ

October 28, 2025
Скриншот

Седум загинати пред ударот: Ураганот Мелиса од Категорија 5 ѝ се заканува на Јамајка

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Никол Кидман блесна на „Vogue World: Hollywood“ во стилизирана тоалета на Рита Хејворт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Кејти Пери и Џастин Трудо ја потврдија врската со појавување во Париз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk